16 Декември, 2025
0.0356

Apple порачува да ги смените полначите итно!

Објавено во: Мои пари 16 Јуни, 2014 18:49

Добивај вести на Viber

Apple на својот официјален сајт пишува дека полначите А1300 можат да се запалат и упати итно предупредување до корисниците кои имаат полнач за „Ајфон“ А1300 итно да го променат и истиот ќе им биде даден бесплатно!

Имено, корисниците од 37 европски земји треба веднаш да се јават во преставништвата на Applе во нивната земја – а на листата земји е и Македонија. Додека да го замените стариот полнач, никако не вклучувајте го во струја туку телефонот полнете го преку USB на компјутерот

Доколку поседувате „iPhone 3GS“, „4“ или „4S“, произведени меѓу септември 2009-та и октомври 2012-та година, тогаш „USB“ полначот за вашиот телефон можете и морате бесплатно да го замените за нов. Причината за тоа е што тие полначи при користење можат да се прегреат и претставуваат ризик за безбедноста. „Apple“ за таа цел започна програма за замена на полначите во 37 земји, кои користат европски приклучоци.

Покрај тоа, доколку имате „Apple USB“ полнач од 5W кој е прикажан доле лево на сликата, ознака на моделот „1300“ и букви „CE“ испишани со сива боја, од компанијата препорачуваат веднаш да ги замените за нови, прикажан на сликата.

Се што треба е да се упатите до најблискиот овластен „Apple“ сервис, да го понесете таквиот полнач, но и вашиот „iPhone“ со цел вработените да можат да го идентификуваат по серискиот број. Од 18-ти јуни 2014-та во програмата ќе бидат опфатени и партнерските оператори, па замената ќе може да се изврши и во просториите на операторите, порачуваат од „Apple“.

Доколку вашиот уред сте го сервисирале поради овој проблем и таа поправка сте ја платиле, „Apple“ ќе ви понуди враќање на парите.

Инаку цена на оргинален Apple полнач A1400 на интернет сајтовите чини околу 35 долари.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив