Audi официјално го претстави A1 Sportback
Објавено во: Мои пари 27 Јуни, 2018 12:38
По тизер кампањата Audi ја претстави втората генерација на моделот A1 Sportback. Од германскиот гигант наведуваат дека овој автомобил е идеален сопатник за урбаниот стил на живот, но е погоден и за долгите патувања со оглед дека е долг 4,03, широк 1,74 и висок 1,4 метри.
Дизајнот на Audi A1 Sportback e инспириран од концептите Ur-Quattro и Sport Quattro, а ниската линија на кровот му дава агресивен и истакнат изглед во споредба со претходникот. Рамниот C столб ги нагласува острите агли на урбаниот хечбек, додека S линијата го потенцира спортскиот карактер преку бројни карактеристики. Тука спаѓаат поголемите влезови за воздух, дополнителните прагови, издолжената хаубата и поголемото задно крило.
Фелните исто така изгледаат убаво, а достапни се во големина од 15, 16 и 17 инчи. Најголемите може дасе добијат во црна или платинум сива боја и тие се дел од S Line опремата. Новиот A1 доби и поголем багажник и повеќе простор за патниците, особено на задните седишта.
Сто се однесува до моторот, тука е основниот трицилиндричен мотор кој развива 95 КС, додека најмоќниот 1,4 литарски мотор испорачува 200 КС во најмоќната верзија. Трицилиндричниот мотор може да се добие со шест-степен мануелен менувач или S-троник автоматскиот менувач. Треба да се напомене дека најмоќниот мотор со турбополнење доаѓа само со S-троник автоматскиот менувач.
A1 е богато технолошки опремен и го има добиено новиот виртуелен кокпит на Audi сличен на оној во Audi A8. Тука е стандардниот 8,8 инчен MMI инфо-забавен систем со екран на допир, додека најдобро опремените модели имаат 10,1 инчен екран. Овој нов модел на Audi поседува и напредни сигурносни системи како што е предупредување за напуштање на лентата, систем за предупредување на судир со автоматско кочење и прилагодлив темпомат.
Новиот Audi A1 ќе се продава како модел за 2019 година така што продажбата се очекува да започне кон крајот на оваа година.
Можеби ќе ве интересира
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство




