Авионот „Пајпер“ се изгубил од радарот во правец кон Велес
Објавено во: Македонија 06 Септември, 2016
Од Контролата на летање во 17.44 часот попладнево е пријавено дека комерцијален авион со три патници им се изгубил од радарот.
Сигналот од радарот се изгубил во 17.35 часот на локација од аеродром “Александар Велики“ 10 км во правец кон Велес.
Авионот марка „Пајпер“ со германски национални ознаки кој летал од Италија од Тревизо, требал да слета на аеродромот во Скопје поради гориво.
Екипи на МВР трагаат по авионот.