24 Јануари, 2025
0.0459

АВОН „ЗАСВЕТИ РОЗОВО“: Кампања за борба против ракот на дојката

Објавено во: Мои пари 03 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Компанијата AVON Македонија, познат бренд кој општествената одговорност ја позиционира на врвот од агендата на своето делување, го одпочна „розовиот“ октомври - светскиот месец за борба против ракот на дојка. На 1 октомври под мотото „Засвети розово“, оваа општествено одговорна компанија лансираше голема кампања за борба против ракот на дојка со поставување на розов СОС телефон на различни локации во Скопје. Розовиот телефон со своето ѕвонење, деновиве симболично му се обраќа на секој граѓанин, кој не смее да заборави дека борбата со ракот ќе биде успешна само доколку болеста е рано дијагностицирана. Целта на поставувањето на розовот СОС телефон е граѓаните да се информираат за бесплатната телефонска линија за помош и поддршка на заболените од рак на дојка и да ја пренесат пораката на секоја жена на која ѝ треба каква била помош, совет или информација. Телефонот веќе беше поставен на Улица „Македонија“, Сквер Јадран, денеска ќе ѕвони во трговскиот центар Рамстор, во сабота и недела во Градскиот Парк во Скопје, а во понеделник во Капитол Мол во Скопје.Овој симболичен гест за подигнување на свесноста за ракот на дојка беше поттикнат од реалната бесплатна СОС линија 0800 55 777, која Авон Македонија во партнерство со здружението „Борка – за секој нов ден“ ја отвори во 2007 година. СОС линијата е наменета за помош и поддршка на заболените од рак на дојка и нивните семејства, како и за сите оние кои сакаат да се информираат за рана дијагностика на болеста, рана дијагностика и начини на третман на оваа смртна болест. СОС линијата оперира секој работен ден од 9 до 17.00 часот, а со цел да одговори на потребите на што повеќе жени, Авон Македонија оваа година овозможи линијата да се надгради и да биде достапна и на мобилниот број 075 228 899, и тоа секој ден во неделата од 9 до 21.00 часот. Кампањата ќе трае во тектот на цел месец октомври, а ќе биде проследена со серија активности за активирање на граѓаните, како и иницијативи на социјалните медиум (Facebook Avon Macedonia и Twitter @ZasvetiRozovo). Сите оние кои сакаат да се вклучат во кампањата и да ја изразат својата поддршка за заболените од рак на дојка, тоа можат да го сторат преку: http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/static/BreastCancer/, како и на социјалните мрежи на Авон Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ