Автобуси на ЈСП протестираат пред СДСМ
Објавено во: Македонија 08 Мај, 2015
Денес автобуси на ЈСП ја блокирале улицата Бихаќка (Павел Шатев), во знак на протест пред седиштето на СДСМ , пренесуваат медиумите.
Како што се пишува ЈСП на овој начин се одлучил поради наводно демолирање на автобуси од страна на протестанти кои деновиве излегуваат на протести.
Но, како што може да се забележи на видеото кое беше објавено од страна на одредени медиуми, настанот се случи по протестот во средата, откако толпата која мирно протестираше се разотиде а група инфилтрирани провокатори останале и го предивикале инцидентот.
https://youtu.be/DiHrP-TUWp4Се поставуваат неколку прашања:
Официјално соопштение за тоа дека бил демолиран автобус на ЈСП од страна на опозициски приврзаници немаше од надлежните институции а ниту ЈСП не излезе со вакво соопштение како и обично кога има вакви настани (може да проверите тука ) ... Ова упатува на сомнение дали воопшто се случило вакво нешто.
Дали автобусите на ЈСП се јавно добро кое треба да му служат на граѓаните, и како е возможно тие да одлучат да прекинат со работата и да бидат цел на политички интереси?
Имено, денес група новинари донесе дрва и камења пред СДСМ. Како што велат тие протестираат во знак на револт поради насилството врз новинарите на протестите наводно иницирани од оваа партија.
- Протестите треба да бидат мирни. Ова што се случува со напади врз новинари едноставно е недозволиво. Дококу се продолжи и понатаму да се протестира и да се практиткува политика на закани и насилство од страна на СДСМ, мислам дека треба да се замислат и да стопираат со тоа. Заканите и насилството траат веќе во континуитет. Своето поинакво мислење треба да го искажат на еден мирен начин. Сите оние кои поинаку мислат од нив, треба да ги остават да мислат поинаку и сето тоа треба да биде предмет на една дебата, дијалог, а не на насилство и физички пресметки", изјави Слаѓана Димишкова, претседател на Македонската асоцијација на медиуми.
Но, и оваа тема буди интересни прашања:
Надлежните не излегоа со официјално соопштение дека одговорните за инцидентот кој се случи во средата кога некои медиуми објавија дека е повредена уредничката на Вечер се политички приврзаници на опозициската партија.
Оттука треба да се земе предвид фактот, дека толпата граѓани кои излегуваат на мирен протест реагираат дека се вознемирувани од инфлтрирани провокатори кои упаѓаат во групата која протестира и се обидуваат да предизвикаат немири.
(Фотографијата е земена од евести.мк)