16 Декември, 2025
0.0491

АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ЗА 2015: „Škoda Fabia“ си лапна неколку награди на церемонијата во Лондон

Објавено во: Мои пари 13 Јануари, 2015 16:36

Добивај вести на Viber

Новата Škoda Fabia, на гламурозното доделување во Лондон, ја освои престижната награда What Car? -Автомобил на годината за 2015 година, а во исто време триумфираше и во категоријата „Најдобар МалАвтомобил“, додека пак новата Škoda Octavia ја освои наградата „Најдобар семеен автомобил“. По втор патпопуларниот  мал автомобил на Škoda е на врвот, по освоената награда во 2000 година кога триумфираше првата генерација на Fabia. Новата Škoda Fabia за прв пат беше претставена на автомобилскиот саем во Париз во месец октомври минатата година. Со првата генерација на Škoda Fabia од 2000 година, дури 250 000 Британци го подновија својот возен парк, а во светски рамки беа испорачани 3,5 милиони модели Škoda Fabia.

Достапна со пет врати како и во караванска изведба, кај новата Fabia се воведуваат иновативни безбедносни системи, системи за помош на возачот и забавно информативни системи. Новата Fabia се одликува соекспресивен, динамичен дизајн со мазни површини и кристално јасни форми и линии. Новата Fabia исто така е попространа, помоќна и поефикасна од претходната, благодарение на намалената  тежина и на новите мотори кои се во согласност со EU6 стандардот со кои Fabia е за 17% поефикасна.

„Новата Škoda Fabia во секој поглед е повеќе од автомобил и нуди иновативна технологија и емоционален дизајн. Таа е идеална замодерната, урбана мобилност на денешницата. Ние сме сигурни дека новата Fabia ќе одбележи ново поглавје воуспешната приказна на моделот и како важен столб од нашата стратегија за раст на брендот ќе придобие многу нови клиенти, изјавил  извршниот директор на ŠKODA Д-р Винфрид Валанд кој што ја подигнал наградата.

Уредникот на наградите What Car?, Џим Холдер пак изјавил: „Fabia победи не само затоа што е врвен мал автомобил кој е практичен, добро опремен и економичен за одржување, туку и затоа што успеа да ги надмине конкурентите во сите фази од  изборот на најдобар автомобил.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив