АВТОПАТОТ КОЈ МУ ПРЕСУДИ НА СТАЈКОВЦИ: Обиколницата отворена за сообраќај-внимавајте на …
Објавено во: Македонија 20 Август, 2016
Невремето кое на 6 и 7 август го зафати скопскиот регион уништи дел од скопската обиколница. Обиколницата и во двата патни правци е отворена за сообраќај. На делови од коловозот има оштетувања, но таму се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата, па доколку патувате преку неа обратете внимание и прилагодете ја брзината.
Автопатот на смртта кој се распука и каде катастрофата беше најголема ги носеше и расфрла автомобилите низ нивите.
Банкините се скршија, многу луѓе токму на оваа место едвај се спасија, а дел од загинатите токму на ова место ги загубија животите.
Невремето направи оштети пет километри , а штетата надлежните ја проценија на пет милиони евра. Зошто оваа обиколница беше црна точка и најпогодена, кој треба да понесе одговорност, дали има грешки во градбата, дали се внимавало на одводните канали...
„Морало да се води сметка дека со оглед на тоа каква е конфигурацијата на теренот источно и североисточно од обиколницата мора да постојат соодветни водозафати покрај автопатот, под автопатот и тие да продолжуваат кон поголемите собирни дренажни канали, реки кои би се одведувала водата кон главниот рецепиент, а тоа е реката Вардар. Но овие работи не се исполнети. Не знам со колкав точно проток се сметало кога е градена обиколницата но вообичано треба да се земе и можноста за ваква количина на врнежи, 90 па дури и до 120 милиметри на метар квадратен дневно и при тоа да имало соодветна димензионираност на одводните канали под сообраќајницата но и возводно кон самите порои мислам дека многу полесно ќе дојде до протекување на водата во поголемите дренажни канали а преку нив до реката Вардар. Вака се направи еден застој кој што предизвика натрупување на огромна количина на вода, според нашите проценки околу два до три милиони метри кубни вода од обиколницата до подножјето на Скопска Црна Гора што е навистина како една помала вештачка акумулација, и тоа предизвика огромена водопропустна моќ и уништување од такви размери, вели универзитетскиот професор Милевски.
Дали изградбата на Обиколницата му пресуди на Стајковци?
Живко Велјановски е универзитетски професор на Градежен факултет на катедрата за водовод и канализација. Во изјава за „Фактор“ вели дека околу врнежите и околу количните со вода кои се настанаа со поплавите не може да зборувам, но може да зборува како се случувалo проектирањето на скопската обиколница.
„Знам дека ние, како Градежен факултет бевме ревизија на основниот проект за скопската обиколница.. Колку што се сеќавам ние професорите во нашата ревизија на основниот проект на обиколницата, баравме да се прифатат атмосферските води од над обиколницита, да не одат под патот и директно водите да се слеваат во Стајковци, туку инсистиравме да се обезбеди тие атмосферски води да не одат ниту над, ниту под патот, туку да се направи проект за да тие води се слеваат на безбедно, во Вардар.
Одговорот тогаш беше дека ќе се направи проект, но колку што се сеќавам таков проект кај нас не беше дојден на ревизија. Не знам и не можам да кажам дали сега поплавите во Стајковци се токму поради ова“, изјави Велјановски.
И останатите експерти сметаат дека причините за поплавите се во соголеноста на падините на Скопска Црна Гора , малите дренажни канали, непланската градба.
Сите се согласни дека толку дожд во Скопје немало одамна но дека и човечкиот фактор е виновен за случувањата.