Бајден: Путин погреши, денеска сме пообединети од кога и да било
Објавено во: Свет 04 Април, 2023
Путин мислеше дека ќе ги раздели Европа и НАТО, но погреши, вели американскиот претседател Џо Бајден.
Вели дека Финска денеска стана членка на НАТО, во напорите на Алијансата да биде „пообедината од кога и да било“.
„Во мај 2022 година Финска и Шведска аплицираа за членство на НАТО. Двете земји се силни демократии со многу способни армии кои ги споделуваат нашите вредности и визии за светот“, изјави Бајден.
„Кога Путин ја започна неговата брутална војна на агресија против народот на Украина, тој мислеше дека може да ја подели Европа и НАТО. Тој погреши. Денеска сме пообединети од кога и да било, и заедно засилени од најновиот сојузник Финска – продолжуваме да ја чуваме трансатлантската безбеднст, да браниме секој сантиметар територија на НАТО и да ги надминеме секои и сите предизвици пред нас“, рече Бајден.
Финска стана 31-ва членка на НАТО. Русија најави дека ќе преземе мерки.
„Пристапувањето на Финска во НАТО создава ризик од значително проширување на конфликтот“, изјави рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.