17 Декември, 2025
0.0647

Белград е најевтин град за туристите од Европа?

Објавено во: Мои пари 26 Септември, 2014 16:13

Добивај вести на Viber

Осло е најскапиот, а Белград најевтинот грас за туристи, покажа една анкета на германскиот авто-мото сојуз АСАЦ, спроведена во 20 европски градови, според која просечен турист за потреба на храна, влезници, и слични туристички „ситници“ во Осло би требало да плати 153 евра а во Белград 41 евро.

Српскиот главен град со тоа е најевтиниот меѓу набљудуваните метрополи, пренесуваат германски медиуми според анализата на АСАЦ, наведувајќи дека покрај останатото се споредувало, колку чини дневна карта во јавен сообраќај или влезница во зоошолка градина, а при тоа се анализирани и цените на пивото, капучини или порција помфрит.

Освен тоа, направена е споредба на цената на таблети против главоболка, паста за заби, фластер за рани...

Посебно скапи во европските градови се туристичките понуди. Така влезницата за лондонската зоошолка градина чини 29 евра, влезница во еден швајцарски музеј во Луцерн 25 евра додека во Осло, посетата на главната туристичка атракција, тврдината Акершус, е бесплатна.

Кога се работи за германските градови - туристичката потрошувачка корпа е 104 евра за престолнината Берлин и 98 за, на пример, главниот град на економски моќната Баварија, Минхен.

Кога станува збор за најскапите градови, после Осло, доаѓаат Париз, Лондон, Кпоенхаген и Мадрид, додека на другата страна, покрај најевтиниот Белград, како посебно поволни за туристите се означени Загреб, Љубљана, Прага и Будимпешта.

За оваа анкета, спроведена во мај година, анкетарите во 20 европски градови купиле 20 точно дефинирани производи, кои според АДАЦ се типични за еден турист со просечна заработка.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив