Бесплатни тренинзи за сите девојки и жени во Скопје: Со вежбање до подобро здравје, поведар дух и подобар изглед
Објавено во: Мои пари 01 Март, 2016 15:02
Секојдневието и неверојатно брзиот начин на живот го тераат модерниот човек да го занемари вежбањето, одржувањето на кондицијата и своето здравје. Поради тоа се почесто луѓето користат фитнес апликации на своите паметни телефони со кои се трудат да останат во форма. Сепак, најпопуларна апликација за вежбање во светот е NTC (Nike Training Club), која всушност е апликација која ja поврзува заедница на атлети како никогаш досега. Таа е наменета за сите модерни жени, а во себе ги содржи сите тајни за водење на здрав живот. Фокусирајќи се на различни фитнес вежби, оваа апликација овозможува размрдување на целото тело и „притискање“ до границите на издржливоста.
Со цел апликацијата NTC да биде поблиску до вас, во фитнес центар Synergy Fitness & Spa се отвора ретка можност за бесплатни Nike тренинзи во термините: секој вторник и четврток од 20:00 часот.
Целта на оваа соработка која започнува од денеска, вторник 1-ви март е промоцијата на апликацијата Nike+ Training Club која е наменета за сите претставнички на понежниот пол, и охрабрување со вежбање и рекреација да дојдат до подобро здравје, поведар дух и поубав изглед.
Сите девојки и жени се поканети секој вторник и четврток во Synergy да дојдат и да уживаaт за време на бесплатните тренинзи.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




