25 Април, 2024
0.0314

Безобѕирното возење во предложениот Кривичен законик се смета за кривично дело

Објавено во: Македонија 07 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Aко возите под дејство на алкохол со концентрација од најмалку 1,50 г/промили во крвта, или возите под дејство на дроги, психотропни супстанции или прекурзори, или возите во забранет правец, претекнувате колона возила на непрегледно место или возите со брзина која надминува 70 километри на час над дозволената, согласно новиот член 403 во предлог текстот на Кривичниот законик, ќе претставува безобѕирно управување со моторно возило и ќе се смета за кривично дело.

– Учесник во јавниот сообраќај безобѕирно кој не се придржува на прописите за безбедност во сообраќајот и со тоа ќе го загрози јавниот сообраќај управувајќи во состојба на неспособност на возење предизвикана со употреба на алкохол во концентрација од најмалку 1,50 г/промили во крвта, дроги, психотропни супстанции или прекурзори, возејќи во забранет правец, претекнувајќи колона возила на непрегледно место или возејќи со брзина која надминува 70 км на час над дозволената ќе предизвика опасност за животот или телото на луѓето ќе се казни со парична казна или затвор до три години, предвидува новиот членот 403 од предложениот Кривичен законик.

Од Јавното Обвинителство на Република Северна Македонија за МИА појаснуваат дека дел од дејствијата кои претходно беа прекршочно казнувани сега ќе бидат подигнати на ниво на кривично дело.

– Станува збор за кривична одговорност во наведените случаи дури и доколку нема директна штетна последица – предизвикана сообраќајна незгода. Со ова практично дел од дејствијата кои претходно беа прекршочно казнувани сега ќе бидат подигнати на ниво на кривично дело, потенцираат од ЈО.

Оттаму велат дека доколку законот биде усвоен во предложената форма, Јавното обвинителство ќе ги применува новите законски решенија.

Дали овој нов член навистина ќе и послужи на целта и ќе придонесе за зголемување на свеста кај возачите во земјава се прашања за кои МИА побара одговор соговорници кои се надлежни за оваа проблематика.

Овој член е една од новините во предложениот Кривичен законик, кој веќе е објавен на ЕНЕР, а како што најави министерот за правда Никола Тупанчевски, по широката расправа за него, треба да биде донесен до крајот на годината.

Адвокатот Амар Ејуп вели дека најбитниот елемент во кривичните дела поврзани со јавниот сообраќај е доследната примена на членовите во законите од страна на сите инволвирани институции, како и побрз и поефикасен судски систем, кој ќе носи пресуди во разумно време.

– За мене во пракса најбитен елемент во овие кривични дела што се против јавниот сообраќај и безбедноста е доследната примена на членовите. И стариот член не дека беше толку неприменлив или лошо напишан, туку доследната примена од страна на МВР, од страна на сообраќајната полиција, увидната, како и доследната примена во однос на пенолошка гледна точка, односно видно од пенологијата, и претходниот член и сегашниот член предвидуваат исти казни, значи до три години затворска казна. Но по мое мислење треба да имаат превентивно дејствие, затоа што кога ќе се извршат ваквите кривични дела повеќе може да се избегнат, не со закана на високи казни туку со јавно информирање на луѓето дека јавниот сообраќај е средство, општо добро, а не дивеење - изјави за МИА адвокатот Амар Ејуп.

Според него, доследната примена на законот ќе доведе до повеќе резултати затоа што, како што посочува, има ситуации во кои со безобѕирно возење е повредено некое лице, а сторителот добива парична казна, додека во ситуации кога како резултат на безобѕирното возење е причинета материјална штета, сторителот добива потешки казни како што е условна осуда.

– Затоа што човекот како центар на универзумот треба повеќе да се цени, затоа што неговиот живот и неговиот телесен интегритет за нашето општество е многу побитен отколку имотот, потенцираше Ејуп.

Во споредба со поранешните случаи во примерите со објавувањето на брзото возење по социјалните мрежи и слични прекршоци каде што вршителите на тие дејности не се казнуваат или добиваат многу ниски казни, вели дека од МВР треба да имаат подобри услови за детектирање на овие прекршоци и соодветно да ги казнат сторителите, но и дека треба да се менуваат и други закони и законски нормативи.

– Тука треба да се менуваат некои други закони и законски нормативи, како на пример законот за безбедност во сообраќајот и патиштата, како и законот за прекршоци каде што во овие ситуации претежно се предвидува парична казна или казна за одземање на возачката дозвола. Но повторно ќе кажам, ефикасноста на законот е во доследната примена на законот, од причини што ако прекршокот е извршен оваа година, лицето кое го извршило кривичното дело ќе сноси последици после година дена или две години, ако казната го стигне малку побрзо и поефикасно, тука зборувам ако целиот судски систем биде поефикасен мислам дека и резултати ќе бидат многу побрзи и поефективни во однос на таквото возење во сообраќајот, истакна Ејуп.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот