Бизнис караванот на Еуролинк ја посети Битола
Објавено во: Мои пари 24 Март, 2016 12:46
Преполниот ресторан на Хотелот „Епинал“ во Битола вчера попладне беше домаќин на големиот бизнис настан организиран од Еуролинк осигурување. На настанот присуствуваа повеќе од стотина сопственици и менаџери на мали и микро претпријатија од Битола, кои имаа можност да се запознаат со Бизнис комплет пакетот, предностите на бизнис осигурителните пакети, како и ризиците кои претставуваат опасност за секојдневното работење.
Бизнис Комплет пакетот нуди уникатни решенија и покритија за комплетно осигурување на малите бизниси кои имаат деловни и продажни објекти, како колонијалните продавници, мини маркетите, аптеките, парфимериите, козметичките салони и други.
‘‘Презадоволни сме од интересот за Бизнис Комплет караванот и длабоко веруваме дека нашата поддршка ќе придонесе малите бизниси да можат посигурно да чекорат кон понатамошен раст и развој. Навистина секој кој е засегнат и заинтересирантреба да биде дел од Бизнис Комплет караванот, бидејќи придобивките се значајни. Еуролинк и понатаму останува посветен кон развивање на нови и иновативни решенија за бизнисите.“ – изјави Марија Томеска, претседател на управниот одбор на Еуролинк осигурување.
Вчерашниот настан беше третиот од серијата настани од Бизнис Комплет караванот, кој во текот на април ќе продолжи и во другите градови низ Македонија.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив






