Благој Ѓорев го освојува и црногорскиот пазар
Објавено во: Мои пари 07 Мај, 2014 18:48
„Благој Ѓорев“ како фабрика за масло работи од 1923 година до 1999 година кога е трансформирана во прехрамбена индустрија поради широкиот асортиман на прехрамбени производи во сопствено производство. Покрај маслото за јадење и маргаринот, во основните производи на компанијата спаѓаат и растителната маст и растителната мрс, а компанијата на пазарот нуди и висококвалитетни производи за широка потрошувачка: далеку прочуената велешка таан алва, локумот со разни вкусови, желе бонбони, пакувањата од кокос, сусам, какао, алкохолен, вински и јаболков оцет, како и зачинот Кристал кој изобилува со најразлични видови сушен зеленчук.„Извозот во Црна Гора за нас е од големо значење, бидејќи е резултат на силните напори и заложби на нашиот тим за пробив на овој странски пазар и доближување до тамошните потрошувачи. Истовремено, горди сме и на пласирањето на нашите производи во Косово, Босна и зголемениот извоз во Албанија, што ни овозможува порентабилно искористување на нашите капацитети и потврда дека можеме да бидеме конкурентни со квалитет и да се пробиеме и на други пазари. Зголемениот извоз значи и можност за зголемување на обемот на производство, порентабилно производство, одржување и подобрување на квалитетот на нашите производи, а се разбира и поголема профитабилност. Целосно го имаме имплементирано ISO 9001:2000 стандардот, а во завршна фаза сме и на воведување на Халал стандардот, со што сакаме да го подобриме и стандардизираме квалитетот на нашите производи.Маргаринот и маслото „Кристал“ се нашите знаменосци, производи кои се дел од македонската традиционална кујна долги години наназад и производи со кои израснаа повеќе генерации. Се надеваме дека и на странските пазари нашите производи ќе го пронајдат патот до срцата на потрошувачите и ќе успееме да ја стекнеме нивната доверба. И понатаму ќе вложуваме во развој на нови производи и освојување на нови пазари, континуирано унапредување на процесот на производство, како и подобрување на квалитетот на нашите производи “ изјави г. Горан Лазов Генералниот Директор на Благој Ѓорев.
Можеби ќе ве интересира
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство





