БОЈКОТ: Место во училишни клупи, гимназијалците седеа во холот на училиштата
Објавено во: Македонија 06 Април, 2015
Редовната настава заменета со алтернативни активности и наместо во училишните клупи гинмназијалците седеа во холот на училишата. Ваква беше денес сликата во повеќето средни училишта во Скопје.
Последен обид да го натераат министерот Адеми да се одлучи на средба со него и после неговите бројни ветувања.
„Ние на неговите зборови не можеме само така наивно да поверуваме. До сега Адеми покажа дискриминаторски однос кон нас бидејќи и покрај сите ветувања, се сретна само со средношколската унија, рече Мартина Бошковска од средношколскиод пленум“, пишува Телма.
Министерот Адеми пак, и денес вети дека ќе се сретне со нив, но сепак останува на истиот став, дека одлуката според која математиката ќе ја полагаат само учениците од природно математичките гимназии е најдобрата алтернатива.
„Учениците да се вратат на настава, овој начин не е добар за нив , ниту за целото општество“, порача министерот Адеми.
Од наставничкиот пленум не го поддржуваат бојкотот но сепак покажуваат разбирање за незадоволството на гимназијалците во целата оваа приказна.
Средношколците посочуваат дека врз нив вршеле притисоци директорите и дел од наставниците. Им се заканувале со неоправдани одсуства, но и со казни од по две илјади евра за родителите според законот за образоване, односно законот за задолжително запишување во средно образование.