16 Јануари, 2025
0.0250

БОЈКОТ НА НАСТАВА: Прво средба, па враќање во училишните клупи!

Објавено во: Македонија 14 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Средношколците ширум земјава и денес ја бојкотираат наставата .

Велат дека ова ќе продолжи се додека надлежните институции се однесуваат игнорантно кон нивните  барања и одбиваат да договорат средба на која ќе се дискутираат најновите измени во законот за средното образование.

Пријавите кои стигнаа за новиот концепт на полагање на државна матура, во кои стои дека математика е задолжителна само за природно математичките смерови СЕ НЕВАЛИДНИ, бидејќи рокот за потпишување на истите беше 09/04/2015, но прописот за новиот концепт се уште не е излен во службен весник, сметаат од Средношколскиот пленум.

При измена на закон, истиот треба да излезе во службен весник, по 8 дена да стапи на сила и потоа да се потпишуваат било какви пријави што ги прави постоечките невалидни.

Бојкотот, гимназијалците како радикална мерка го избраа поради што двата марша кои беа организирани, беа игнорирани од институциите.

„Причината поради која бојкотираме е воведување на предметот математика како задолжителен предмет, електронското тестирање на трите екстерни предмети за полагање матура кое што претставува проблем поради што заедно со полагање на интерниот предмет, матурантите треба да полагаат 7 испита во рок од 14 дена, како и нефункционалноста на екстерното тестирање“, потенцираат тие.

Нивните барања се да се врати стариот концепт на матура кој опфаќа личен избор на предмети за полагање, а не наметнување на предметот математика, укинување на електронското полагање кое го „побива“ концептот на полагање на сите матуранти во исто време во цела Македонија како и ставање на законот за екстерното тестирање во мирување кое ја тестира само меморијата на учениците а не вистинкото знаење како што велат срредношколците со кое што тие се стекнале во текот на целата година.

„Бојкотот ќе се одвива се додека не добиеме датум за средба со министерот за образование и наука, а доколку се оствари средба, бојкотот ќе биде ставен во мирување со што неговото продолжување целосно ќе зависи од исходот од средбата!“, стои во официјалното соопштение на Фејсбук на средношколскиот пленум.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира