Боки 13 не потрошил 180.000, туку 300.000 евра
Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2019
Бојан Јовановски, првоосомничениот во случајот „Рекет“, потрошил 300.000 евра од вкупно 1,5-те милиони евра кои ги земал од Јордан Камчев.
Како што дознава СДК,, додека се бара остатокот на парите кои Јовановски ги земал во два наврати од пријавителот на рекетот, според истрагата, тој веќе потрошил над 300.000 евра во Италија.
Сепак можно е дел од тие пари да не ги трошел, туку како што проверува истрагата, да ѝ биле исплаќани на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, евентуално преку месечни примања и разни премии на сметката на нејзиниот син.
Минатиот месец Дојче Веле објави дека непосредно по заминувањето со пленот од еден милион евра, Боки 13 само за неколку дена во странство потрошил околу 180.000 евра.