БОКИ 13 ЗАКРЕПНУВА ДОБРО, ЗА ДВА-ТРИ ДЕНА МОЖЕ ДА ЗАМИНЕ ОД БОЛНИЦА - ќе оди дома или во Шутка?
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2020 13:01
Бојан Јовановски, познат како Боки 13, се чувствува добро после операцијата на желудникот, која му беше извршена пред околу една недела, поради прснат чир.
Ова за Фактор го потврди д-р. Љубен Арсенков, директор на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, или позната како старата Градска болница.
Како што е познато, вечерта на 8 септември врз Јовановски беше извршена хируршка интервенција на желудникот, во болницата во која беше пренесен од затворот во Шутка, каде што го издржува притворот.
„Бојан Јовановски пред два дена е пренесен од Одделот за интензивна нега - на одделение, односно на Одделот за аддоменална хирургија. Тоа значи дека се подобрува неговата состојба. Неговата здравствена состојба е стабилна, а постоперативниот период се одвива нормално, во согласност со нашите очекувања, и без никакви компликации“, вели д-р. Арсенков за Фактор.
Боки 13 јавноста го знае како првообвинет во случајот Рекет, за што доби затворска казна во времетраење од девет години.
А поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, го тужи Боки 13 за неовластено снимање, кој вчера не се појави на рочиштето токму поради неговата операција на желудникот и фактот што се уште закрепнува во болница.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




