Божиновска: Лидерството не е за позиција, туку за одговорност и резултати

Објавено во: Економија 03 Октомври, 2024 15:22
,,Жените како лидери во општеството носат позитивни промени и покрај сите предизвици со кои се соочуваат како нееднаква плата, ограничен пристап до лидерски позиции и системски бариери. Но, и покрај овие предизвици, ние продолжуваме да се издигнуваме, да ги поместуваме границите и да го бараме нашето вистинско место во иднината што и ние ја обликуваме” порача министерката за енергетика Сања Божиновска на Женскиот економскиот форум- Балкан 2024.
Министерката посочи дека бројките сè уште покажуваат дека жените се недоволно застапени на клучните, одлучувачки позиции, позиции со одговорности и со висока компетентност, а учеството во работната сила заостанува зад европскиот просек. Во земјите од Западен Балкан, учеството на женската работна сила е едно од најниските во Европа.
Божиновска сподели и искуство од нејзиното патување во професионалната кариера надвор од Македонија, на кое имало бариери со кои се соочуваат многумина - бариери на сомнеж, родова пристрасност и отпор кон промените.
,,Кога станав министерка за енергетика, брзо сфатив дека овој сектор - како и многу други - беше сектор во кој жените беа недоволно застапени. Но, секој од овие предизвици само ја поттикна мојата решеност. Знаев дека лидерството не е поседување на титула, туку преземање на акција. Научив дека лидерството не е за позиција, туку за одговорност и резултати, и како жени, мораме постојано да притискаме за промени, не само за себе, туку и за секоја жена која гледа на нас и верува во подобра иднина.Нема да чекаме да се случи промена, ние ќе ја предизвикаме промената, ќе бидеме промена” истакна министерката.
На Форумот кој се одржува во Скопје, успешни и инспиративни жени од политиката, бизнисот и академската заедница испратија моќни пораки за важноста на жените да се мотивираат и да се поддржуваат меѓусебно. Учество земаа 300 бизнис-лидери, претприемачи, активисти, истражувачи и академици од Португалија, Индија, Египет, Турција, Хрватска, Словенија и од земјите од Западен Балкан. Настанот е дел од глобалната франшиза на Women Economic Forum (WEF) и глобалната мисија Г100 Милион.
Можеби ќе ве интересира
АЗЕСКИ ПАНЕЛИСТ НА РЕГИОНАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА „ЕДЕН РЕГИОН, ЕДЕН ПАЗАР – ЧЕКОР КОН ЕДИНСТВЕНИОТ ПАЗАР НА ЕУ“ ВО НОВИ САД

Правда за Скопски пазар АД Скопје! Поранешните директори преку застарување на предметот куртулија од затвор, ќе платат ли 655.000 евра за штетата што ја направија?

Фактор анализа СТРУМИЦА 2024: Бизнисот „врвa“ иако него го нема! Кои 17 фирми свртеле од 10 до 67 милиони евра?

„ОхридТурист“ го промени составот на УО со нови луѓе од „Тиквеш“ и „М-6“, додека трае спорот со вториот акционер за продажба на имотот

ДАЛИ ЛЕГЕНДАРНИОТ ЏИН СЕ ПРИБЛИЖУВА ДО КРАЈОТ? Првиот штрајк во историјата на компанијата, илјадници работници ги губат своите работни места

ПАСОШИТЕ НАСКОРО ЌЕ БИДАТ ПОВЛЕЧЕНИ ОД УПОТРЕБА: Новата ера започнува

ШТО ТОЧНО НОСИ ТРГОВСКИОТ ДОГОВОР МЕЃУ САД И КИНА? Еве ги сите детали, царината е намалена за 115 проценти

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЕКОНОМИЈАТА ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ: Колкав раст очекува?

Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст
