Британците и Американците виновни за вирусот кој владее со интернетот!
Објавено во: Мои пари 26 Ноември, 2014
Постоење на неодамна откриениот моќен шпијунски софтвер, е поврзан со известувачките служби на САД и Велика Британија.
Неодамна откриениот вируд „Регин“ ги шпионира владите и компаниите во 14 земји и наводно е направен во државна установа. Како досега не се откриени жртвите на вирусот ни во една од 5 англосаксонски земји - Австралија, Канада, Нов Зеланд, Велика Британија и Америка - експерти се сомнеуваат дека вирусот потекнува од некоја од споменатите држави.
„Дежурни виновници“ како Русија и Кина се елиминирани, па сега фокусот на експертите е на Америка, Велика Британија и Израел.
Според истражувањето на фирмата Kaspersky Lab, жртвите на вирусот се пронајдени во Белгија, Бразил, Германија, Иран и Сирија, а најмногу ги има од Русија и Саудиска Арабија.
Kaspersky Lab е запознаен со овој проблем уште од 2012, од кога го следи. Иако софтверот е комплексен што го прави тежок за истражување, врз основа на неколку напади на институциите на влади и телефонски компании, експерти имале прилика да го истражуваат.
Софтверот е во состојба да контролира GSM телефонска мрежа, преку која може да го пренасочи повикот: „Такви операции можат да направат само оние кои стојат зад вирусот „Регин“ се наведува од компанијата на Kaspersky Lab.
Експертите откриле дека проблемот не го прави само едно парче од софтверот, туку во прашање е платформа која може да ја прошири контролата по целата мрежа. Тоа значи дека кога вирусот еднаш се најде во компјутер, може лесно да се рашири низ светот, што само може да му помогне ако биде сокриен.
Најраните примери на овој вид на вирус, се воочени уште во 2003 година, соопштуваат од Kaspersky Lab.