БРОЈКИ ОД КОИ КРВТА ЗАМРЗНУВА - дури 29.000 жртви од земјотресите во Турција и Сирија, тлото не се смирува
Објавено во: Свет 12 Февруари, 2023
Бројот на загинати во страшните земјотреси во Турција и Сирија надмина 29.000 Очајните спасувачки операции продолжуваат седми ден по ред.
Властите соопштија дека околу 6.500 згради во Турција се урнале, а многу се оштетени во зоната на земјотресот, која погодува околу 13 милиони луѓе.
Можеби до 23 милиони луѓе се погодени, вклучително и пет милиони од ранливите групи, според Светската здравствена организација (СЗО), која стравува од голема здравствена криза, особено поради ширењето на колерата во Сирија. Стотици илјади луѓе останаа без покрив над главата среде зима.
Граѓаните на Турција, погодени од земјотресот, ќе добијат можност привремено да ги посетат роднините во Германија, чии службеници се подготвуваат да го забрзаат издавањето визи и да ја намалат потребната бирократија.
Инаку, десетици земјотреси беа регистрирани и изминатата ноќ во Турција и на границата меѓу Турција и Сирија, од кои најсилниот беше со јачина од 4,3 степени.
Бројот на загинати во Турција се искачи на 24.617 во неделата, додека повеќе од 4.500 луѓе загинаа во Сирија.
Вкупниот број на загинати во Турција и Сирија на тој начин надмина 29.000.
Индекс.хрФото: ЕПА