Бројот на жртвите од невремето се искачи на 20
Објавено во: Македонија 07 Август, 2016
Во невремето кое синоќа го зафати Скопје досега има 20 жртви во реоните на Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново.
Оваа информација ја потврдуваат од МВР. Од полиција додаваат дека досега се идентификувани 13 луѓе и тие се предадени на семејствата. До утринава на скопските клиники се примени 22 повредени луѓе во невремето. Се проверува дали меѓу жртвите се и шесте исчезнати. Полицијата работи на утврдување на идентитетот на останатите жртви.