Добивај вести на Viber
„Зона на мирен сообраќај“ е проектот кој Дебармаалци а воедно и другите граѓани ќе мора да го спроведуваат.
Имено, овој проект значи дека брзината на движење на возилата ќе се ограничи на максимум 30 км/ч.
Градоначалникот Андреј Жерновски ги посочи зачестените сообраќајни несреќи, густиот сообраќај, постоење на училишта и градинки, безбедноста на граѓаните како главни причини за воведување на оваа популарно наречена „Зона 30“.
Оваа мерка е препорака на Европската Унија а Општина Центар е првата општина која ќе ја водведе, а доколку има интерес од страна на граѓаните мерката ќе се воведе и во други населени места во ова подрачје.