Бујар Османи: Посетата на Лавров на Србија ќе значеше неодржување на самитот Отворен Балкан во Охрид
Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2022 20:07
Министерот за надворешни работи Бујар османи во Дневникот на ТВ Сител рече дека присуството на шефот на руската дипломатија Сергеј лавров на Белград би значело неодржување на самитот на Западен Балкан во Охрид на 7 и 8 јуни.
Лавров не допатува денеска во Белград, опткако Црна Гора, Македонија и Бугарија го забранија прелетот, а на самитот Отворен Балкан во Охрид покрај македонскиот премиер Димитар Ковачевски, треба да присуствуваат и српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди рама, додека како гостин е најавен и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.
Сметавме дека и оваа барање на амбасадата за ослободување на овој специјален лет се влклопува во нашиот однос кон агресијата. Пораката е дека е недозволиво во 21 век да се напаѓаат независни земји. Во прашање е еден систем на вредности. Во прашање е одржување на самитот Западен Балкан во Охрид доколку оваа посета се случеше,
Регионалните иницијативи треба да бидат во рамки на некои основни вредности и принципи во кои веруваме, а руската агресија е во спротивност со нив. Неодржувањето на оваа посета го охрабрува одржувањето на состанокот на Отворен Балкан“, рече Османи.
Можеби ќе ве интересира
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал




