Бутарис сака да помогне на поплавените во скопско
Објавено во: Македонија 13 Август, 2016
Tелеграма со сочувство до претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов по повод поплавите испрати и градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис.
Бутарис на земјава и нуди помош доколку е потребно.
„Бидете уверени дека општина Солун и покрај тешкото оптоварување во обезбедување на хуманитарна помош за неколку илјади мигранти и бегалци, е подготвена и има волја да соработува со надлежните институции од вашата земја, со цел олеснување и помош на настраданите граѓани“ - стои во телеграмата.
Би ценеле доколку ги посочите конкретните потреби од наша помош и начините за поддршка кои сметате дека се најсоодветни за да бидеме ефикасни и успешни, се наведува подолу во телеграмата од градоначалникот Бутарис.
Многу пријателски земји деновиве ја покажаа својата солидарност преку донирање на помош.
Сочувства до семејствата на загинатите и настраданите во невремето упатија и Турција, Полска, Хрватска, Унгарија, Босна и Херцеговина, Ватикан, Република Белорусија, Кралството Мароко и други земји.