Бжежински: Јужен Балкан е слаба точка на НАТО и тоа Русија го препознава
Објавено во: Македонија, Балкан 01 Мај, 2018 16:54
Поранешниот висок функционер во Пентагон, Јан Бжежински во интервју за 360 степени вели дека Јужен Балкан е слаба точка на НАТО и тоа Русија го препознава.
Не смета дека ако во јули Македонија не стане членка на НАТО, тоа ќе биде можност за дестабилиација на Балканот.
Бжежински препознава оптимизм кај грчката страна за интеграција на земјава во Алијансата, но евенуална одлука Македонија во јули да остане да чека пред вратите на НАТО, сепак може да се толкува како неуспех.
„Што се однесува до тоа – што ќе се случи во јули, не знам. „Стискам палци“, гледам сигнали на оптимизам, гледам причини за оптимизам. Гледам знаци на прагматизам кај грчката влада. Но, ако таа покана не се имплементира, така да кажам, во јули, не мислам дека тоа ќе биде главниот поттикнувач на нестабилност на Балканот. Ќе биде неуспех, нема да им помогне на оние во Македонија што се најпосветени на трансатлантската идеја, кои се најпосветени на демократските реформи и слично“- вели Бжежински.
Бжежински рече дека не е потребно засилено воено присуство на НАТО и САД на Балканот. Спред него треба да се направи повеќе во соработката со владите во регионот.
Можеби ќе ве интересира
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал




