Целиот тим на СЈО се сликаше за Фејсбук, ги чека многу работа
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2016
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева очигледно е задоволно од сработеното за денес со поднесените први две обвиненија од предметите кои произлегуваат од прислушкуваните материјали, па по прес конференцијата објави слика на социјалната мрежа Фејсбук со целиот тим на СЈО во кој се вклучени десетина јавни обвинители, истражители и административци.
Секако, критичарите на СЈО и денес не се задоволни од презентираното со предмети на кои тврдат дека ги водат од политичка или партиска мотивираност. Сепак, СЈО има мандат кој мора да го искористи за решавање на сите случаи до крај и во најмала рака спроведената истрага да ја преточи во соодветни обвиненија, па потоа да се чека судска разрешница.