Професорот од одделот за психологија на Сити Колеџ, д-р Павлидис на 11тата Меѓународна конференција за човечки ресурси
Човечките ресурси се катализатори на позитивните трансформации во работната средина
Објавено во: Мои пари 20 Мај, 2019 15:49
Стареењето на работната сила, предизвиците наспроти уникатните можности што ги носи демографската промена на населението опсервирано од корпоративните елементи, беше тема на предавањето на д-р Џорџ Павлидис - Директор на програмите за пост-дипломски студии за невропсихологија во одделот за психологија на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ – Грција. Предавањето се одржа во склоп на Меѓународната конференција за човечки ресурси, а д-р Павлидис беше претставник на Сити Колеџ како академска инстанца долгогодишен поддржувач на конференцијата.

„Менаџерот за човечки ресурси може да биде катализатор за позитивна трансформација на работното место, прилагодувајќи ги предизвиците и можностите што ги носи возрасното население. Со намалување на стареењето и преку зголемување на меѓугенерациската соработка, менаџерот за човечки ресурси може позитивно да придонесе за приспособување на работната средина со цел да го капитализира потенцијалот на постарите работници и да го зајакне понатамошниот организациски успех”, истакна во своето предавање д-р Павлидис.

Осврнувајќи се повеќе на можностите отколку на пречките предизвикани од стареењето на работната сила, Павлидис во своето предавање понуди решенија кои може да доведат до хармонизирање на човечкиот капитал на постарите работници со краткорочни и долгорочни стратешки цели на компанијата, како и со спроведување на континуиран професионален развој на работното место.
Единаесеттата Меѓународна конференција за човечки ресурси оваа година се одржа под темата „Човечки ресурси – катализатор на трансформациите“ и токму низ тој фокус беа елаборирани годишните и возрасните промени на вработените во една корпоративна средина.
Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ веќе 6 години по ред се јавува како поддржувач на најголемиот и најважниот настан од полето на човечките ресурси, Меѓународната конференција за човечки ресурси, во нашата држава, со цел што подобра промоција и дистрибуција на знаење за најдобрите практики во областа на човечките ресурси.
Можеби ќе ве интересира
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство




