ЦУК: Спасени две семејства од странство кои се изгубиле и заглавиле со возилата во Мариово
Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2022 20:40
Во заедничка акција на Центарот за управување со кризи и Министерството за вантрешни работи вечерва се пронајдени и спасени две изгубени семејства од странство со четири деца кои со два автомобила поради лошите временски услови залутале и заглавиле во планински предел во Мариово.
ЦУК информира дека семејствта залутале, а потоа и заглавиле на планински пат со возилата, сакајќи да го заобиколат патот Росоман – Прилеп, каде што до 15.10 часот беше блокиран сообраќајот заради голем одрон.
Акцијата за лоцирање, пронаоѓање и спасување е извршена преку дежурните оперативци во Центарот за управување со кризи на 112 во содејство со Дежурниот оперативниот центар (ДОЦ) на ЦУК и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Велес, а во координција со дежурните од Министерството за внатрешни работи (МВР ЦИК) за тој регион.
– Околу 16:00 часоте примен повик на 112 и дежурните оперативци од трите регионални центри за управување со кризи се поврзале со лицата кои биле заглавени на планински пат помеѓу Рожден и Витолиште, во мариовскиот крај каде што е границата меѓу неколку општини. Акцијата за лоцирање и пронаоѓање на изгубените семејства и заглавени на лош пат ја продолжил РЦУК Велес, од каде постојано се комуницира со изгубените на кои им е наложено да чекаат помошта да дојде по нивното лоцирање, за што ќе треба повеќе од два или три часа. Според добиените информациите семејства во два автомобила, заради одронот што беше на патот Росоман – Прилеп тргнале по друг пат за да го заобиколат одронот и заглавиле, за нив во непознат предел, а на лош пат, уште повеќе расипан од врнежите во тој крај. Се работи за две возила од кое едното е од Литванија. Во возилата ималопет возрасни и четири деца. Двете возила биле заглавени независно едно од друго на растојние од 100 до 200 метри, едно зад друго. Од страна на оперативните дежурни работници во регионалните центри за управување со кризи е веднаш стапено во контакт дежурните оперативци од Министертвото за внатрешни работи и преку СВР Кавадарци е преземена акција за извлекување, со можност за дејствување и со тим со теренско возило од Михаилово. Дежурните оперативци од РЦУК Велес беа во постојана комуникација со загубените и лоцирани семејства, а и со колегите од МВР. По неколку часа теренско возење искусниот тим на МВР ги пронајде во 19.15 часот и по објавувањето на оваа информација се очекува за неколку часа тие да бидат извлечени, живи и во добра здравствена сосотојба - се наведува во соопштението од ЦУК.
Можеби ќе ве интересира
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал




