21 Декември, 2024
0.0279

ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

DANKE, DEUTCHLAND

Објавено во: Економија 31 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

29 фирми-членки на Стопанската комора на Северна Македонија, преку Коморскиот инвестициски форум ќе добијат грант од 3,4 милиони евра, да го продолжат дуалниот модел на образование со 7 стручни училишта и 1 факултет, со финансиска поддршка од германското Федерално министерство за економска соработка и развој. 

1. Анализите за пазарот на труд кои ги прави аналитичкиот тим на Стопанската комора на Северна Македонија покажуваат дека 36% од населението се надвор од пазарот на труд, а 80% се долгорочно невработени поради несовпаѓање на вештините. Ваквите податоци но и серија други анализи на Комората изминатите 15 години, беа клучни да го поставиме образованието на врвот на приоритетите, што како концепт веќе дава конкретни резултати. По дигитализацијата и дуалното образование како дел од визијата на „Комората на иднината“ одговара на потребите на бизнис-заедницата, со што Комората се позиционира како стратешки партнер, кој со своето знаење и со експертизата ги рефлектира современите трендови и практики на дејствување во брзо и во динамично општество.

Станавме линк помеѓу образованието и бизнисот. По една деценија упорна и макотрпна работа на овие сложени процеси сега доаѓаат резултатите. 211 компании минатата година, оваа 500-тини, влегуваат во системот на дуално образование. Започнуваме темелна реформа и во високото образование која ќе биде свртена кон вештините и потребите на бизнисот и работиме на воведување на пракса во неформално образование, што значи учење во текот на целиот работен процес или доживотно учење. Ваквите чекори ги преточивме и во системски форми на делување во „Комората на иднината“ преку Советите за унапредување на високото образование и за стратешки истражувања и за унапредување на квалитетот на тренингот и на обуките, а го отвораме и процесот на привлекување мали и средни компании кон Комората, со формирањето на Центарот за старт-ап компании, со што го заокруживме процесот на опфаќање на сите компании во Македонија, а не само на големите.

И финансиската поддршка овозможи повеќе компании да се вклучат во практичната обука и дуалното образование. Конкретен инпут за тоа што го прави Коморскиот инвестициски форум со поддршка на финансиски средства од германското Федерално министерство за економска соработка и развој, а се реализираат преку Германската развојна банка (KfW) и Регионалниот фонд за предизвици како уникатен инструмент за финансирањe, е 3,4 милиони евра грант за инвестирање во машини и опрема во стручните училиштата и компаниите за реализација на практичната обука на 29 фирми - членки на Стопанската комора, што ќе го продолжат дуалниот модел на образование со 7 стручни училишта и 1 факултет, за финансирање на инвестиции во опрема и инфраструктура за воведување на дуалното образование и реализација на практичната обука, со цел поголема вработливост на младите и обезбедување обучен и квалификуван кадар подготвен за работните процеси. 

2.

Уште пред две ипол години, во јули 2019 година, објавив колумна во домашен месечен економски магазин, со идентичен наслов како денешниот „DANKE DEUTCHLAND“ во која напишав: „Имајќи ги предвид позиционираноста на македонската надворешна политика кон европските интеграции, но и силниот интерес на македонскиот бизнис да стане дел од единствениот пазар, логично се наметнува прашањето – имаме ли ние партнер на кој можеме да се огледаме во овие процеси, кој ќе ни биде поддршка, role-model, но и коректив во постапувањето?“.

Статистичките податоци за обемот на трговската размена на Северна Македонија со Германија во континуитет покажуваат дека 18 години СР Германија била прв трговски партнер на нашата земја. Обемот на размена за две децении е зголемен за 700%. Поради ваквите бројки (кои се идентични во обем и процентуален однос и во 2019 година и сега), во колумната укажав дека бројките, но и искуствата од досегашната меѓусебна соработка упатуваат силна порака до нашата Влада дека капацитетите на нашата амбасада во Берлин треба да бидат на исто ниво како обемот на соработка кој го имаме, и економската дипломатија треба да биде еден од клучните приоритети на работата на амбасадата во Берлин!“. 

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАГРИЖАТ МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАГРИЖАТ МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници

СИТЕ ДЕТАЛИ НА ПРОГРАМАТА СТАНОВИ ЗА МЛАДИ ВО СРБИЈА: Ратата за кредит во првата година ќе биде помала од 100 евра

СИТЕ ДЕТАЛИ НА ПРОГРАМАТА СТАНОВИ ЗА МЛАДИ ВО СРБИЈА: Ратата за кредит во првата година ќе биде помала од 100 евра

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците