29 Март, 2024
0.0311

ЗВОНКО ДАВИДОВИЌ

ДАВИДОВИЌ: Решителноста на СЈО полека испливува на виделина

„Сметам дека одлука на Уставниот суд со која СЈО би се прогласило за неуставно не би донело никому добро а особено не би придонело за смирување и решавање на политичката и правна криза во државата туку истата би ја продлабочило“

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Специјалното јавно обвинителство подигна две обвиненија против повеќе лица за два настана и тоа за уништување на доверлив материјал, класифицирани информации, документи и апаратури поврзани со неовластеното прислушкување како и за насилството при протестите пред општината Центар. Во повеќе наврати и подолг период се шпекулираше кои настани ќе бидат преточени во обвинение односно кои настани специјалното јавно обвинителство ќе ги процесуира. Дури некои критичари на специјалното јавно обвинителство потенцираа и се залагаа прво да се расчисти со сомневањата околу неовластеното прислушкување - вели за Фактор искусниот адвокат Звонко Давидовиќ

Тој додава дека Специјалното јавно обвинителство токму тоа и го стори и покажа покренувајќи постапка против обвинетите за кои тврди дека ги уништиле доказите во врска со неовластеното прислушкување. Ова покажува дека специјалното јавно обвинителство тргнало токму од основните сомневања и причини поради кои и е формирано а тоа се неовластено прислушкуваните разговори. 

Давидовиќ вели дека подигнатото обвинение покажува дека специјалното обвинителство и те како сериозно ги истражувало причините, начинот, сторителите и мотивот за неовластено прислушкуваните разговори а она што досегашната истрага го открила го преточиле во обвинение за повеќе лица.

Прислушкуваните разговори  можат да бидат и доказ сами по себе

За второто обвинение кое е поднeсено а кое се однесува на насилството при протестите пред општина Центар, адвокатот Давидовиќ вели оти тоа покажува дека прислушкуваните разговори не мора да бидат само индиција туку можат да бидат и доказ сами по себе особено како во конкретниот случај. 

„Ако определен разговор помеѓу две или повеќе лица упатува на потикнување на определено кривично дело а понатаму во стварноста такви дејствија и се случат и се исполни законското битие на кривичното дело самите снимени разговори се и доказ а не само индиции, нормално поткрепени и со други материјални и вербални докази. Можно е во иднина да има и повеќе вакви обвиненија во кои прислушкуваните разговори ќе бидат  докази поткрепени и со други докази, а што ќе му ја олесни работата на специјалното јавно обвинителство и ќе му заштеди време и средства за да може да се посвети на други прислушкувани разговори и обезбедување на докази за други настани и евентуални кривични дела“, посочува тој.

Кривичните дела кои се поврзани со неовластено прислушкуваните разговори се долга и макотрпна работа која бара и многу луѓе и многу средства и многу време

„Повеќе пати досега укажав дека специјалното јавно обвинителство има пред себе огромна задача и обврска за расчистување на сомневањата за сторените кривични дела кои произлегуваат и се поврзани со неовластено прислушкуваните разговори и дека е тоа долга и макотрпна работа која бара огромен труд, време, средства и луѓе. Имајќи го во предвид обемниот материјал  кој му е предаден на специјалното јавно обвинителство а кој во најголем број случаи е индиција за сторено кривично дело, специјалното јавно обвинителство се соочи со огромен предизвик при откривањето и прибавувањето на доказите за сторени кривични дела на  кои упатуваа овие снимки од прислушкувани разговори како индиции. Потребно е многу време само да се преслушаат снимките и тоа не е обично преслушување или слушање туку внимателно следење на меѓусебните комуникации помеѓу луѓето и нивно толкување и ставање во правна рамка за сторено определено неправо односно кривично дело а понатаму и нивно систематизирање и поврзување со определени настани или други луѓе. Од како ќе го сторите ова треба да размислите околу тоа што определените индиции може да ги докаже односно негира и кои се тоа докази кои евентуално можат да постојат за докажување на определено кривично дело и каде да ги барате. Понатаму треба тие докази и да ги најдете, проучите а често пати и да ги извештачите. Секако треба да најдете и обезбедите сведоци за определени факти а што претпоставува и налага и нивно сослушување“, вели Давидовиќ кој потенцира дека сево ова е долга и макотрпна работа која бара и многу луѓе и многу средства и многу време.

Два моменти влијаеа врз работата на СЈО

„Не можеме а да не истакнеме дека специјалното јавно обвинителство од самиот старт се судри со големи потешкотии и опструкции со сите институции на системот почнувајќи од Министерството за внатрешни работи, Централниот регистар, финансовата полиција, Претседателот на државата до судот и Советот на јавни обвинители. Нема да ги повторувам сите проблеми и одолговлекувања вклучувајќи ја и аболицијата но не можам а да не укажам на два момента кои во голема мерка влијаат на работењето на специјалното јавното обвинителство а тоа е постапувањето на Основниот суд Скопје 1 Скопје и непостапувањето на Собранието на Република Македонија.

Основниот суд Скопје 1 Скопје под раководство на претседателот на тој суд покажа дека не важат истите правила и аршини за основното јавно обвинителство и обвинителството за гонење на организиран криминал од една страна и специјалното јавно обвинителство од друга страна. Секој предлог за определување на мерка на претпазливост или притвор без исклучок се уважуваше од страна на судот кога подносители на истите беа основното јавно обвинителство или она за гонење на организиран криминал.Тоа не беше случај и со предлозите на специјалното јавно обвинителство за што сте сведоци и самите бидејќи одлуките кои судот ги носеше при одлучувањето во голема мерка се разликуваа од досегашната пракса на истиот кога другите обвинителства беа во прашање. Овој факт е неспорен и лесно видлив и докажлив и попусто се демантите и правдањата на првиот човек на тој суд, но тоа му создаде големи проблеми во постапките на специјалното јавно обвинителство како при обезбедувањето на материјалните  докази така и при обезбедувањето на сведоците. Исто така ваквото постапување на судот му го одзимаше и така ограниченото време на специјалното јавно обвинителство бидејжи беше приморано да вложува жалби или да бара други докази со кој би го убедило судот во оправданоста на преложените мерки на претпазливост“, дополнува Давидовиќ.

Адвокатот потенцира дека поради ваквиот двоен аршин и посебен третман на специјалното јавно обвинителство во негативна смисла од страна на судот дел од експертската јавност се залагаше за специјално одделение во рамки на истиот суд но за тоа во некоја друга прилика. Но ваквиот пристап на судот кога е во прашање специјалното јавно обвинителство неминовно создава сомневање во неговото постапување и при постапување по обвиненијата на специјалното јавно обвинителство а што времето кое е пред нас ќе го покаже потврдувајќи го или демантирајќи го ваквото сомневање.  Но какво и да е постапувањето на судот специјалното јавно обвинителство мора да одговори на поставените задачи од делокругот на своето работење а тоа е да го преточи во обвинение секое кривично дело кое произлегува или е поврзано со неовластено прислушкуваните разговори кон секое лице за кое постои сомневање дека сторило такво кривично дело.

Двоен стандард и негрижа на определени институции 

„Собранието на Република Македонија подолго време не го става на дневен ред и не гласа за измените на законот за работа со заштитени сведоци со што би му се овозможило на специјалното јавно обвинителство непречено работење особено во поглед на обезбедување и заштита на сведоците. Имајжи го во предвид делокругот на работењето на СЈО и задачата да ги истражи неовластено прислушкуваните разговори и евентуалните кривични дела кои произлегуваат од нив или се поврзани со истите а особено имајжи го во предвид фактот дека се работи за највисоките политички функционери и носители на највисоките функции во државата, заштитата на евентуалните сведоци е повеќе од неопходна. Доколку не сте во состојба да им ја гарантирате безбедноста на сведоците кои би се одважиле да сведочат во овие постапки многу нереално би било да се очекува дека сведоците и ќе сведочат, а што е пак од искушителна важност за докажување на определени кривични дела или вмешаност на определени лица во некои кривично правни настани. Иритира двојниот стандард и негрижата на определени институции по однос на ова прашање особено ако се има во предвид случајот Ликвидација и новинарот Томче Кежаровски. Томче Кежаровски беше осуден за загрозување на безбедноста на заштитен сведок кој самиот се откажа од тоа свое својство и јавно обелодени кој го присилувал и зошто лажно да вседочи. Ваквата пресуда против Кежаровски беше донесена 5 години по објавениот текст во мигот кога заштитениот сведок и не беше повеќе заштитен и сам ја обелодени вистината. Од друга страна институциите на државата која наводно се залага за заштита на сведоците свесно оневозможуваат било каква заштита на сведоците на специјалното јавно обвинителство а да не зборуваме за нечива одговорност за ваквата состојба“, вели адвокатот.

За крај Давидовиќ вели дека има уште многу да се каже за предизвиците со кои допрва ќе се соочи специјалното јавно обвинителство а меѓу кои е и одлуката на Уставниот суд која треба да ја донесе по иницијативата за оценка на уставноста на СЈО.

„Сметам дека одлука на Уставниот суд со која СЈО би се прогласило за неуставно не би донело никому добро а особено не би придонело за смирување и решавање на политичката и правна криза во државата туку истата би ја продлабочило. Имајќи го во предвид овој факт како и условно кажано заштитната клаузула од пржинскиот договор сметам дека специјалното јавно обвинителство ќе продолжи со својата работа и ќе ги исполни законски предвидените обврски“, додава Звонко Давидовиќ.

Горазд Чомовски

Можеби ќе ве интересира

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“