23 Јануари, 2025
0.1299

Децата од Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври” ќе го усовршуваат англискиот јазик

Објавено во: Мои пари 19 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Програмите за создавање билингвални деца со рано изучување на англискиот јазик се вистински хит во светот, а отсега и децата од Домот без родителска грижа „11 Октомври” ќе го усовршуваат својот англиски јазик по програма од овој тип. Оваа можност, во форма на едукативна донација ја овозможија Центрите за рано изучување на англискиот јазик „Хелен Дорон”, како најпозната франшиза во светот за создавање на деца чиј англиски јазик ќе биде еднакво флуентен како македонскиот. На радоста и немаше крај откако дечињата дознаа дека секоја недела, наставен кадар од Центрите „Хелен Дорон” ќе ги посетува и ќе имаат интерактивни часови по англиски јазик во следните три месеци. „Благодарни сме на „Хелен Дорон”- центрите, што во новата школска година им овозможија на  децата да се запознаат со програмата стара 25 години, која според моите сознанија, е навистина интересна и ефикасна. Она што со сигурност можам да го потврдам, е дека децата нема да пропуштат ниту еден час бидејќи музичките дискови од програмата веќе се слушаат кај нас. Децата се навистина среќни, а за мене како Директор, тоа е навистина значајно”, изјави Ристенка Атанасовска, Директор на Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври”. Донацијата беше направена во пресрет на уписите во Центрите „Хелен Дорон”, кои ги има во Скопје, Битола, Струмица и Радовиш. „Центрите „Хелен Дорон” не се класичен центар за изучување на англиски јазик, па затоа и начинот на промоција е насочен кон запознавање на што повеќе деца со бенефитите на програмата. Оваа донација е наша желба веќе подолг период, па ни претставува особена чест што токму во пресрет на новата учебна година на Центрите, наши ученици ќе бидат и децата од Домот за деца „11 Октомври”. Убедени сме дека програмата ќе им се допадне, а воедно и ќе ги видат придобивките од истата – учење на англискиот јазик и негова употреба на исто ниво како македонскиот јазик. Ова е програма за создавање на „деца на иднината” и сме многу среќни што децата од Домот ќе бидат дел од неа”, изјавија Валентина Динева, сопственик на „Хелен Дорон” за Република Македонија. Со оваа донација, отпочна кампањата за промоција на оваа уникатна програма за изучување на англискиот јазик. Сопствениците на „Хелен Дорон” го најавија и караванот со демо часови, кој ќе посети повеќе градови во Република Македонија, а започнува во Сабота (20.09) на Детски ЗОО Фест кој се одржува во Зоолошката градина во Скопје, со почеток од 11 часот.

Можеби ќе ве интересира

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ