Денес ќе поминеме со сонце, а Какво време не чека утре?
Објавено во: Македонија 01 Мај, 2015
Први мај го започнуваме со релативно ведро време во поголем дел од земјава. Мало наоблачување рано наутро имаше само во крајните источни делови од земјата. Температурата измерена (УХМР) во 7 часот е следнава:
12 | °С | Штип, Скопје (З.Рид) и Струмица |
11 | °C | Тетово |
10 | °С | Прилеп, Виница, Демир Капија, Гевгелија и Охрид |
9 | °С | Битола, крива Паланка |
8 | °С | Претор |
4 | °С | Берово |
До крајот на денот ќе се задржи претежно сончево време. Ќе дува сосема слаб ветер. Максималната температура ќе достигне вредности околу 22°С низ котлините. Малку потопло ќе биде во гевгелиското подрачје, до 26°С, додека на повисоките места максималната ќе се „искачи“ до 19°С.
Во сабота попладне се очекува наоблачување кое ќе донесе услови за сосема слаб и локален дожд. Темпереурата во северната половина од земјата во однос на петок ќе биде пониска за околу 2°С, додека во јужната половина се очекува слична температура на денешната.
Во недела се очекува умерена облачност, но без врнежи. Највисоката дневна температура ќе достигне вредности околу 24°С, додека на југот на повардарието ќе биде потопло, со максимална до 29°С.