Денес не чека најтоплиот мајски ден, а утре температурен шок!
Објавено во: Македонија 06 Мај, 2015
Оваа среда ќе биде еден потоплите мајски денови. Впрочем ќе биде вториот или трет најтопол мајски ден во последниве 15 години, пишуваат од МЕТЕОПРО. Утринава е топло и релативно ведро, а температурата измерена (УХМР) во 7 часот е следнава:
17 | °С | Виница |
16 | °С | Штип, Скопје (З.Рид), Струмица и Прилеп |
15 | °С | Битола, Демир Капија и Скопје (Петровец) |
14 | °С | Охрид, Крива Паланка, Гевгелија и Тетово |
14 | °С | Претор |
10 | °С | Берово |
Денешниот ден ќе биде сончев и топол. Максималната температура во најголем дел од земјата ќе има вредност малку над 30°С. Најтопол регион ќе биде повардарскиот, од 33°С во северниот тек, па се до 35°С во јужниот тек.
УВ индексот ќе има вредност 7.
Промена на времето нé очекува веќе од утре, четврток. Температурниот максимум ќе биде понизок за околу 5 до 6 степени. Попладне се очекува нестабилно време проследено со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северниот и источниот регион. Петок повторно ќе биде сончев ден, но доста посвеж во однос на денешниот ден.