Денеска е Меѓународен ден на Интернетот!
Објавено во: Мои пари 29 Октомври, 2014
Меѓународниот ден на интернетот 29 октомври, се одбележува ширум светот на годишницата од првото праќање на електронска порак по пат на интернет од 1969 година.
Во време кога настанал, интернетот бил познат како ARPANET (Advanced Research Projects Agency Network).
По пат на таа мрежа Чарлс Клаин, тогаш студент програмер на Универзитетот во Калифорнија, на 29 октомври 1969 година ја пратил првата електронска порака. Тој работел под менторство на професорот Ленард Клајнрок и пратил порака од компјутер во седиштето на Универзитетот во Калифорнија до компјутер сместен во Стенфорд истражувачкиот институт. Иако првото праќање на пораката пропаднало поради падот на системот, во 2005 потврдено е дека денот на кој е пратена првата електронска порака се одбележува како Меѓународен ден на интернетот.
Инаку, како „роденден на интернетот“ се одбележува 30 април, бидејќи на тој датум во 1993 CERN соопштил дека ја направил World Wide Web технологијата достапна целсно бесплатно.