19 Декември, 2025
0.0457

„Депозит плус“ од Шпаркасе Банка – со зголемена камата за штедење во евра

Објавено во: Мои пари 14 Јули, 2025 12:09

Добивај вести на Viber

Шпаркасе Банка АД Скопје ги информира своите клиенти и јавноста дека денеска започнува нова промотивна понуда за штеден производ – „Депозит плус“, достапен во евра и со зголемена и загарантирана каматна стапка за целиот период на орочување.

Минималниот износ на влог изнесува 100 евра, а понудата им овозможува на клиентите да изберат помеѓу два периода на орочување, во зависност од нивните преференции, и тоа:

·  12 месеци со каматна стапка од 2,30%

·  25 месеци со каматна стапка од 2,60%

Оваа промотивна понуда е валидна до 31 август 2025 година, овозможувајќи им на штедачите сигурност и предвидливост, во услови на постојани финансиски промени.

Штедењето е темел на личната и на семејната финансиска стабилност. Затоа, со Депозит плус“ во евра, Шпаркасе Банка нуди штеден производ што е пред сè транспарентен, со загарантирани приноси за целиот период на орочување, достапен за секој клиент и со исклучително поволна фиксна каматна стапка. Штедењето во евра е особено атрактивно за граѓаните што сакаат преку своите заштеди да обезбедат стабилност во валута што е широко прифатена и користена во меѓународни трансакции.

„Нашата банка е дел од Групацијата Штаермеркише Шпаркасе, која оваа година одбележува 200 години од своето основање – што е силен доказ за сигурноста, стабилноста и долгорочната визија што стои зад секој наш производ. Токму ова наследство, заедно со поволните услови, го прави штедењето во Шпаркасе Банка не само рационална, туку и мудра одлука за сите наши клиенти“ – изјави Ивана Петревска, директорка на Дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка АД Скопје.

Зошто е важно да се биде примател на плата во Шпаркасе Банка?

Посебна предност имаат примателите на плата во Шпаркасе Банка, кои добиваат единствена и персонализирана понуда, приспособена на нивниот профил и финансиски потенцијал.

Шпаркасе Банка е институција што не само што нуди конкурентни каматни стапки, туку на своите клиенти им овозможува сеопфатна и интегрирана банкарска услуга – од секојдневно банкарство до штедење, кредити и инвестиции. Секој клиент добива пристап до производи и решенија креирани според неговите реални потреби и финансиски цели.

За повеќе информации, заинтересираните клиенти можат да ја посетат најблиската експозитура на Шпаркасе Банка или да се информираат преку веб-страницата: www.sparkasse.mk.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство