ДЕСТИНАЦИИ НА LONELY PLANET ЗА 2020: Македонија се најде на трето место
Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2019
Северна Македонија изобилува со дотраени и напуштени цркви, живописни планински села и историски докази за безбројните освојувачки империи. Вака е опишана нашата земја која е во топ дестинации за посета во 2020 година.
Бутан, Англија, и Македонија. Овие земји се на врвот на листата на топ туристички дестинации за 2020 година што ја состави компанијата Lonely Planet од Австралија. Како препораки за земјата се наведуваат природата, гастрономијата и античката традиција.
„Земјата е веќе позната по вкусната традиционална храна, по преубавите пејзажи и природа и античката традиција. Изговор плус за посета на зависниците од адреналин и култура за наредната година треба да бидат новите авио-конекции до Охрид и Охридското езеро што е под заштита на УНЕСКО и 495 километарската шарпланинска патека“, стои во описот.
Објавени се неколку приказни кои ја доловуваат убавината на Македонија.
Во топ 10 дестинации се вброени и Аруба, Свазиленд, Костарика, Холандија, Либерија, Мароко и Уругвај.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.