17 Декември, 2025
0.0768

ДХЛ Експрес Македонија го одбележа Глобалниот Волонтерски Ден со атлетите на Специјалната Олимпијада

Објавено во: Мои пари 28 Септември, 2014 10:12

Добивај вести на Viber

Како дел од глобалните ДХЛ иницијативи “Помагање во едукација” и “Да се помогне”, вчера, компанијата ДХЛ Експрес Македонија заедно со атлетите на Специјалната Олимпијада Македонија го одбележаа Глобалниот Волонтерски Ден. 45 вработени од ДХЛ Експрес Македонија заедно со нивните гости, поминаа еден незаборавен ден исполнет со различни активности прославувајќи ги притоа и успесите на нашите олимпијци на овогодинешните Европските Летни Игри на Специјална Олимпијада, кои се одржаа во Антверпен, Белгија. За време на дневната посета во просториите во ДХЛ Експрес Македонија, вработените од компанијата ги запознаа членовите од Специјалната Олимпијада со процесите на работење во ДХЛ Експрес, отворено се дискутираше за работните процеси и дневните предизвици,  давајќи на тој начин мал придонес во нивната инклузија и интеграција во околината како лица со посебни потреби. ДХЛ Експрес Македонија е дел од групацијата Deutsche Post DHL, лидер на пазарот во експресниот транспорт и логистиката, истовремено и општествено одговорна компанија, која со своја донација им помогна на сите атлети и целокупната делегација на Специјалната Олимпијада Македонија да отпатуваат на Европските Летни Игри на Специјална Олимпијада, кои се одржаа од 9 до 21 септември 2014 во Антверпен, Белгија. Настан на кој нашите атлети земаа учество, достоинствено се натпреваруваа, и се вратија со 4 бронзени медаљи и тоа: Ајбази Себаат- во атлетика 200 метри, Христијан Тутурески, во атлетика 100 метри, Живко Стојанов во пинг понг  и Александар Цветковски во бадминтон. Сето ова е дел од глобалната кампања на DP DHL, да се помогне и делува во локалната заедница и воедно да се подигне пасијата за волонтеризам меѓу вработените.  Помагањето е важен дел од корпоративната култура на DPDHL и вработените се охрабруваат да ја следат програмата низ трите иницијативи за корпоративна одговорност: Go Green (Заштита на околината), Go Teach (Помагање во едукација), Go Help (Да се помогне).

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив