Доаѓа „убиецот“ на летото, се очекува над половина метар снег на Алпите и невреме на Балканот
Објавено во: Македонија 25 Август, 2023
Метеорологот Славчо Попоски вели дека од овој викенд во Алпскиот регион се очекува влошување на временските услови и невреме, потоа во недела навечер, како и на почетокот од следната седмица токму на многу места во Алспкиот регион ќе пристигне вистинска зима која ќе ја донесе првата голема снежна покривка за оваа сезона, иако сме уште лето (некаде се очекуваат и над 50 цм снег). Температуририте драстично ќе се намалат, на високите алпи ќе се спуштат и подлабоко под нулата.
„Во земјите од регион во текот на следната седмица исто така ќе има драстично намалување на температурите, но и локални временски непогоди. Токму ова ние го нарекуваме „убиец на летото”. После ова дефинитивно на Балканот не очекуваме голем топлотен бран. Сето ова ќе биде проследено со силен ветер, најпрвин од јужен и од југозападен правец, а потоа и од северен правец (на Јадранот ќе дува силна бура). Намалување на силината на овој топлотен бран следната седмица се очекува и во Македонија, кога повторно ќе има локална појава на нестабилност и на врнежи“, вели Попоски.
Рече дека секако дека ќе имаме уште едно мини лето, но вистинското лето веќе привршува.