26 Октомври, 2024
0.0826

ДОБРО Е ШТО КЛИНИКАТА ЗА ПЕДИЈАТРИЈА ПРЕЗЕМА ОДРЕДЕН ЧЕКОР: Таравари за случајот со починатото 14 месечно бебе

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со починатото 14-месечно бебе во Скопје, изјави дека добро е што Клиниката за педијатрија презема одреден чекор и изрази надеж оти „ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле“.

- Ние ги резгледавме со екипата со правната екипа во Министерството, сите наши можности. Добро е што Клиниката за педијатрија презема одреден чекори и се надевам ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле. Ќе дадеме официјално до Лекарска комора, таму има етичка комисија што треба да одлучува. Наши препораки ќе има, извештајот е тука. Доколку не веруваат на извештајот, нека си направат свој, меѓутоа, дека има одреденни пропусти, лекарски, има, одговори Таравари по изјавите за медиуми денеска пред Клиниката за онкологија.

Тој смета дека добро би било сите заедно да дадат одреден сигнал до граѓаните да почнуваат да веруваат во системот.

Претходно, министерот рече дека се надева оти двајцата директори ќе преземат некакви мерки. Министерот подвлече дека очекува од нив да има некаква одговорност.

Директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди околу случајот со смртта на 14-месечното бебе, донесе решение за времено отстранување на двајца здравствени работници - доктори специјалисти од здравствената установа, за кои се води дисциплинска постапка, согласно член 192 став 2 од Законот за здравствена заштита, до донесување на конечно решение во дисциплинската постапка.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЗЕЛС ќе посредува за надминување на конфликтот со градоначалниците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЗЕЛС ќе посредува за надминување на конфликтот со градоначалниците

И ЕПИДЕМИОЛОГОТ ДАНИЛОВСКИ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРОТИВ ГРИПОТ: „Се вакцинирав како припадник на генерацијата 65+„

И ЕПИДЕМИОЛОГОТ ДАНИЛОВСКИ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРОТИВ ГРИПОТ: „Се вакцинирав како припадник на генерацијата 65+„

ВМРО-НП: Уште еднаш бевме сведоци на невидено понижување на една држава која си ја прославува окупацијата

ВМРО-НП: Уште еднаш бевме сведоци на невидено понижување на една држава која си ја прославува окупацијата

ФИЛКОВ: Време е за освежување во Комисијата за помилување

ФИЛКОВ: Време е за освежување во Комисијата за помилување

ЗАЈАС: Кучиња-скитници убиле 21 домашно животно

ЗАЈАС: Кучиња-скитници убиле 21 домашно животно

„ЗЕЛС Е ОБИЧЕН ПАРТИСКИ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ“: Јакимовски вели „нема никаква врска со развојот на локалната самоуправа“

„ЗЕЛС Е ОБИЧЕН ПАРТИСКИ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ“: Јакимовски вели „нема никаква врска со развојот на локалната самоуправа“

Обвинение против Национален парк Пелистер и директорот, исечени и продадени 109 дрвја без дозвола

Обвинение против Национален парк Пелистер и директорот, исечени и продадени 109 дрвја без дозвола

КРИСТАЛНО ЈАСНА Е ПОРАКАТА, ВИЕ СТЕ СЕ ЗАЛОЖИЛЕ ДА ГО СМЕНИТЕ УСТАВОТ: Ванковска кажа кој е приоритетот на ЕУ, а тоа не е Македонија

КРИСТАЛНО ЈАСНА Е ПОРАКАТА, ВИЕ СТЕ СЕ ЗАЛОЖИЛЕ ДА ГО СМЕНИТЕ УСТАВОТ: Ванковска кажа кој е приоритетот на ЕУ, а тоа не е Македонија

Град Скопје: Донираните автобуси „Соларис“ се за цела Македонија, Орце Ѓорѓиевски е недоветен

Град Скопје: Донираните автобуси „Соларис“ се за цела Македонија, Орце Ѓорѓиевски е недоветен