27 Октомври, 2024
0.0258

„ЗЕЛС Е ОБИЧЕН ПАРТИСКИ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ“: Јакимовски вели „нема никаква врска со развојот на локалната самоуправа“

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска повтори дека ќе го напушти ЗЕЛС доколку претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски немо ја следи целата ситуација и не преземе чекори за вразумување на министрите бидејќи се врши, како што рече, континуиран притисок врз Општината. Со Ѓорѓиевски, како што рече, ќе разговара од понеделник. 

Во изјава за медиумите дадена пред седиштето на Општина Карпош, Јакимовски рече дека неговата намера за напуштање на ЗЕЛС не била сфатена сериозно. 

- ЗЕЛС е обичен партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ и нема никаква врска со идеите и развојот на локалната самоуправа. Ова покажува дека Орце Ѓорѓиевски е обична фигура на чело на ЗЕЛС,а дека целата политика ја креира неговата партија и составот на Извршниот и Надзорниот одбор на ЗЕЛС и креирана од Христијан Мицкоски. Тоа се причини повеќе да укажеме дека или ќе го корегираат нивниот однос или ќе го напуштиме ЗЕЛС - рече Јакимовски.

Испрати порака до министрите дека мора да си ја вршат работата согласно закон без разлика дали им се допаѓа Општина Карпош или не.

Јакимовски и вчера најави дека ќе ја напушти ЗЕЛС посочувајќи дека дел од министрите во Владата треба да го корегираат својот однос кон нив како градоначалници.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски по најавите за излегување на Струмица и Карпош од ЗЕЛС вчера изјави дека се надева оти ќе надвладее разумот и градоначалниците на Струмица и Карпош ќе ја преиспитаат одлуката. Како што вчера изјави Ѓорѓиевски, одлука за напуштање на ЗЕЛС носи Советот на општината. 

- Вратата од ЗЕЛС е отворена за сите, секој проблем се решава, доколку има интерес и доколку не се крие нешто друго во позадина на овој процес. Стојам на располагање како и досега за сите мои колеги, верувам дека разумно ќе постапат и верувам дека можеби ова е моментален начин на кој можеби сакаат и медиумски да добијат поголема достапност за одредени теми и поголема драма да направат, но длабоко сум уверен дека ќе размислат во интерес на граѓаните, рече Ѓорѓиевски

Фото: Принтскрин/Јутуб

Можеби ќе ве интересира

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков

„ЗАКАНА ЗА МИРОТ, СТАБИЛНОСТА, МЕЃУЕТНИЧКАТА ХАРМОНИЈА И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Амети со писма лидерите во соседството и светот

„ЗАКАНА ЗА МИРОТ, СТАБИЛНОСТА, МЕЃУЕТНИЧКАТА ХАРМОНИЈА И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Амети со писма лидерите во соседството и светот

„ИЗЕТ МЕЏИТИ ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВА ВЛАДИНИТЕ КАНЦЕЛАРИИ ЗА ПАРТИСКИ СОСТАНОЦИ“: Алијанса на Албанците бара реакција од ДКСК

„ИЗЕТ МЕЏИТИ ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВА ВЛАДИНИТЕ КАНЦЕЛАРИИ ЗА ПАРТИСКИ СОСТАНОЦИ“: Алијанса на Албанците бара реакција од ДКСК

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ СО ПРЕКРАСНА ВЕСТ - по трет пат татко

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ СО ПРЕКРАСНА ВЕСТ - по трет пат татко

„ПРИТИСОКОТ ОД ОВИЕ КОДОШКО-УДБАШКИ ИНСТАЛАЦИИ ДОПОЛНИТЕЛНО МЕ МОТИВИРА“: премиерот во одбрана на директорот на АНБ

„ПРИТИСОКОТ ОД ОВИЕ КОДОШКО-УДБАШКИ ИНСТАЛАЦИИ ДОПОЛНИТЕЛНО МЕ МОТИВИРА“: премиерот во одбрана на директорот на АНБ