ДОДЕКА СИТЕ ЈА ЧЕКААТ ЦЕНАТА ЗА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА – Комерцијална банка „натежна“ до 900 милиони евра, а и помалата оди нагоре
Објавено во: Финансии 09 Август, 2024 08:20
По „црните“ понеделник и вторник, кои главно беа поврзани со случувањата на светските берзи, вчера и денеска акцијата на Комерцијална банка се враќа во игра.
Иако во средата растот беше мал и изнесуваше само 0,11 отсто, веќе вчера огромен процент на пораст се случи на акцијата на Комерцијална банка, и тој изнесуваше 4,12 отсто. А, што е најбитно, трендот на зеленото е повторно актуелен за хартијата од вредност на најголемата банка во земјава.
Обновениот раст на цената на акцијата на Комерцијална банка доаѓа во време кога банката и официјално најави дека во брзо време ќе даде понуда за купување на сите акции на Стопанска банка Битола, за која од поодамна двете банки најавија дека ќе почнат постапка на присоединување на помалата кон поголемата банкарска институција.
Во моментов сите погледи се вперени кон двете банки, или поточно кон Комерцијална банка, а прашањата што си ги поставуваат инвеститорите и воопшто сите играчи на пазарот на капитал, е која цена ќе ја понуди Комерцијална банка за акциите на Стопанска банка Битола, односно до акционерите на таа банка, но и колкумина од нив и колкав процент ќе решат да продадат, односно да ја прифатат понудата.
Фактор пред неколку дена објави дека Комерцијална банка најави дека ќе упати повик до акционерите на Стопанска банка Битола, за преземање на сите обични акции на банката со право на глас.
Ова следува по длабинската анализа односно скенирањето на „книгите“ на Стопанска банка Битола, што беше услов Комерцијална банка да одлучи дали ќе пристапи кон процесот на присоединување, а сега и понуда за купување на акциите на помалата банка.
Инаку, во Стопанска банка Битола акционерски пакет од над пет отсто има само комманијата „Пелистерка“, и тоа располага со 16,99 отсто.
Стопанска банка Битола
има издадено вкупно 390.977 акции.
Откако беше објавена намера на Комерцијална банка дека ќе достави понуда за купување на Стопанска банка Битола, порасна цената на акциите на таа банка. Завчера една акција на Стопанска банка Битола на редовниот пазар се продавала по цена од 3.699,12 денари по акција, што е раст за 9,02 отсто во однос на еден ден претходно, а таа акција раст имаше и во двата дена кога генеррално светеше црвено на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.
Според цената во средата, излегува дека банката има пазарна капитализација од 23,5 милиони евра, што е многу повеќе од 19,6 милиони евра колку што имаше пред само неколку дена.
На последното тргување на редовниот пазар една акција на Стопанска банка Битола се продавала по цена од 3.080,43 денари за акција, што значи дека нејзината последна пазарна капитализација е 19,6 милиони евра.
Акцијата на Комерцијална банка постојано растеше во последниов период, а покрај фантастичните резултати, односно одличните добивки и дивиденди, се смета дека намерата за преземање на Стопанска банка Битола е една од причините за уште подраматичниот интерес за акциите на Комерцијална банка.
А, Берзата го објави и месечниот билтен за берзанското работење и основните параметри за јули годинава, а кои говорат дека поради растот на цената на акцијата, на крајот на седмиот месец од годинава пазарната капитализација на Комерцијална банка пораснала на дури 900 милиони евра, што е за 100 милиони евра повеќе од пазарната капитализација на крајот на јуни оваа година, кога изнесуваше 804 милиони евра.
Инаку, со акциите на Комерцијална банка е направен вкупен промет во јули од 3,74 милиони евра.
Првото полугодие од годинава Комерцијална банка го заврши со профит од над 46 милиони евра.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





