17 Декември, 2025
0.0547

Донесен законот со кој ќе се подобри квалитетот на увозните лекови

Објавено во: Македонија 04 Мај, 2018 07:25

Добивај вести на Viber

Собранието вечерва го усвои Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за лекови и медицински отпад, во прво читање, со кои, според ресорниот министер Венко Филипче, ќе се обезбедат квалитетни лекови за граѓаните преку паралелен увоз.

Според Предлогот, за да добие одобрение за паралелен увоз одредена веледрогерија или здравствена установа до Агенцијата за лекови и медицински средства прво мора да достави сертификат од анализа на квалитет на лекот од производителот кој ќе биде предмет на паралелен увоз, како и сертификат од анализа на квалитетот на лекот од лабораторија овластена од надлежен орган на земјата производител на лекот или на земјата извозник на лекот.

„Сертификатот за квалитет на лекови кои се увезуваат преку паралелен увоз досега не беше задолжителен со закон, а како последица на тоа Министерството за здравство има приговори од здравствени работници и здруженија на граѓани во кои се наведува дека дел од лековите од паралелен увоз не се ефикасни“, рече Филипче.

Наспроти пратениците од владејачкото мнозинство кои оценија дека законските измени ја заоструваат постапката за паралелен увоз на лекови во интерес на квалитетот, опозицијата обвини дека со тоа ќе поскапат лековите.

„Зголемениот надзор врз работата на Агенцијата за лекови и медицински средства и следењето на патот на лекот од производителот до купувачот се доволни контролни механизми за паралелен увоз на квалитетни лекови“, рече Весна Пемова од ВМРО-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал