24 Јануари, 2025
0.0310

Драма на палуба: Терористи се обиделе да киднапираат крузер со 3000 патници, меѓу нив имало Хрвати

Објавено во: Мои пари 14 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

На бродот „Коста Магика“ во грчкото пристаниште Пиреј во четвртокот на 2 октомври се одвивала вистинска драма, а повеќето патници, меѓу кои имало и Хрвати не биле свесни за тоа, пишува Слободна Далмација.

Според неофицијални информации токму од хрватски државјани кои со крузерот, заедно со околу 3000 други патници, од Венеција тргнале на седумдневно крстарење по Медитеранот, грчката полиција на бродот уапсила една жена и тројца мажи поради поседување на огнено оружје.

Го продолжиле патувањето со доцнење

Станува збор за патници кои посадата на крузерот во Пиреј преку разглас безуспешно ги повикувала да се јават на рецепцијата на бродот. Гледајќи дека сами нема да се јават, грчкиуте полицајци со придружба на бродско осигурување влегле во нивните кабини и во текот на пребарувањето пронашле одредена количина огнено оружје.

Очевидци, кои биле сместени во соседните кабини кои полицијата исто така ги претресувала, тврдат дека станува збор за најмалку четири пиштоли. Сопствениците на оружјето брзо се пронајдени, уапсени и извлечени од бродот, кој од Пиреј испловил со долгочасовно задоцнување. За кои државјани станува збор и која им била целта не е дознаено.

Се обидовме да добиеме потврда на оваа информација од претставниците на бродската компанија  „Коста Круизес“, но во саботата не успеавме да добиеме никој од нив, пишува Слободна Далмација.

Интересно, веста за апсењето на четворицата патници поради поседување на оружје на крузерот од  Слободна Далмација не можеле да ја пронајдат ниту во грчките, ниту во италијанските медиуми. Но нивните соговорници, дубровничките поморци кои пловат на крузерите, им рекле дека тоа не треба да ги зачудува. Поради лошата реклама, а со тоа и опасноста за бизнис, од јавноста останале скриени и многу поголеми инциденти од шверцање на оружје.

 Но тамошните поморци ги чуди како воопшто можеле да внесат оружје на бродот бидејќи процедурата за качување во авион. Единствената можност, иако е мала, според нивното мислење, е дека оружјето е внесено со багажот, како и на аеродромот, се качува посебно од патниците. Последователното внесување на бродот е невозможно со оглед на тоа дека повеќето крузери се под видеонадзор.

-Не знам од кое пристаниште се качиле, но ако се работи за матичното пристаниште, можно е да се случил пропуст иако и тој багаж поминува низ безбедносните проверки. Не треба да не чуди предвидот дека во неколку часа треба да се качат најмалку 3000 патници. Значи, низ терминалот на пристаништето минуваат најмалку 6000 куфери и торби и тоа само за еден брод. Обично преку тие терминали се качуваат истовремено патници на повеќе крузери. Па сега замислете колку багаж треба да се прегледа за толку краток период - вели соговорник за Слободна Далмација, кој неколку години пловел на крузерот.

Напад на „Achille Lauro“

Информацијата за наоружаните патници на крузерот кој секојдневно како и „Коста Магика“, го допираат Дубровник и другите хрватски пристаништа, посебно загрижува кога Исламската држава зачестено се заканува со одмазда на Американците и нивните сојузници. Има ли во информациите за „Коста Магика“ можеби приказна за планирано киднапирање?

Да се потсетиме, првото киднапирање на патнички брод во историјата, на италијанскиот крузер „Achille Lauro“, се случила на 7 октомври 1985 година во Египет. На бродот се качиле петорица Палесинци од од ПЛО на Арафат, откако го киднапирале бродот, се заканиле дека ќе го „дигнат во воздух“ заедно со уште 400 патници и членови на екипажот ако од израелските затвори не се ослободат нивните 50 соборци.

Притоа убиле еден патник. Сигурносните мерки на крузерите и качувањата на пристаништата денеска се неспоредливо на повисоко ниво отколку во времето на „Achille Lauro“, но очигледно е дека сигурноста никогаш не е доволна, пишува Слободна Далмација.

Лична карта на крузерот

Луксузниот крузер „Коста Магика“ плови на рута од Венеција, Бари, преку Дубровник, грчки Пиреј до турски Измир ...

Покренат е во 2003 година, а изгреден и почнал да плови во 2004 година. Долг е 272,30 метри, а постигнува максимална брзина од 22 јазли. „Магика“ собира 2720 патници, а максимално може да прими 3470, и има 1027 членови на екипажот. Има 13 палуби за патници, потоа 14 лифтови, базени, игралишта, бизнис центар, библиотека, здравствен центар...

И.Р

Можеби ќе ве интересира

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ