21 Декември, 2024
0.0333

ДРАСТИЧЕН ПАД НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА ВИНСКО ГРОЗЈЕ: министерот Трипуновски вели досега откупени само 53 милиони килограми

Објавено во: Економија 08 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Драстичен пад на производството на винско грозје е забележан годинава, објави министерот за земјоделство при одбележувањето на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“.

Според неговите информации, досега откупени се околу 53 милиони килограми, што упатува на голем пад, особено ако се има предвид дека во земјава се произведувале над 100 милиони винско грозје. 

Повторно ќе го враќаме лозарството и винарството да биде гранка што ќе значи задоволни земјоделци - изјави попладнево министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во Кавадарци. 

- Денеска сме на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“, сакам да посакам успешна манифестација, успешна берба, квалитетно грозје и квалитетно вино што Република Македонија со гордост ќе се претставува надвор од земјата. 

Досега, согласно бербата, откупени се некаде околу 53 милиони килограми винско грозје што е сериозен пад од она што некогаш Република Македонија го произведувала, тоа е накратко заради оние лоши политики во изминатиот период и да Македонија денеска падне на ваква минимална количина. 

Знаете дека во минатото сме имале над 150 милиони килограми од што се произведувало околу 110 милиони литри вино - подвлече тој. 

Оваа година гледаме, додаде, како и минатата, има катастрофална ситуација.

- Она што ние како Влада, како Министерство, сме се обврзале во нашата предизборна програма и програма на Влада, дека во наредниот период, наредните години, повторно ќе го враќаме лозарството и винарството да биде гранка што ќе значи задоволни земјоделци, сериозен девизен прелив на Република Македонија и нормално, гранка што ќе биде за респект и производство на квалитетно вино што и понатаму ќе ја претставува Република Македонија надвор од границите - посочи Трипуновски.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАГРИЖАТ МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАГРИЖАТ МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници

СИТЕ ДЕТАЛИ НА ПРОГРАМАТА СТАНОВИ ЗА МЛАДИ ВО СРБИЈА: Ратата за кредит во првата година ќе биде помала од 100 евра

СИТЕ ДЕТАЛИ НА ПРОГРАМАТА СТАНОВИ ЗА МЛАДИ ВО СРБИЈА: Ратата за кредит во првата година ќе биде помала од 100 евра

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците