17 Декември, 2025
0.0797

Државјани на Македонија помагале косовци преку Драч да заминуваат за Италија

Објавено во: Македонија 08 Август, 2022 18:44

Добивај вести на Viber

Албански медиум објави дека македонски државјани се „гарант” за косовски граѓани во обидите од Драч да заминат за Италија. 

Ора њуз јави дека полицијата во Драч денеска информирала дека уапсила двајца жители на Скопје, откако се фатени од службите на граничната полиција како им помагаат на двајца државјани од Косово илегално да ја преминат границата. По завршувањето на дејствијата против четирите лица поведена е кривична постапка. 

Во друг случај, полицијата денеска фатила 43-годишен маж од Скопје како со фалсификувани документи им помага на пет граѓани да ја преминат границата.

„Полицијата секојдневно информира за апсења на државјани од Косово или од Северна Македонија кои се обидуваат илегално да заминат или даваат „помош за илегално преминување на границата“, наведува телевизијата.

Појавата е зачестена од средината на минатиот месец кога е зголемена фреквенцијата на патници, иселеници и туристи. Само утрово преку пристаништето Драч влегле околу 4.300 лица, додека во неделата нивниот број се искачи на 10.000, главно иселеници од Албанија, како и од Северна Македонија и Косово, кои летните одмори ги минуваат во родниот крај.

Можеби ќе ве интересира

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“