ДРЖАВАТА ЌЕ ЛАПНЕ 280 ИЛЈАДИ ЕВРА: Филмот на обиколница почнува да се снима од понеделник!
Објавено во: Македонија 05 Септември, 2015
Овие денови се ширеа па повлекуваа информации и соопштенија дека ќе се затвори скопската обиколница.
Веста официјално е потврдена и државата ќе лапне од закупот на французите 280 илјади евра .
Имено, обиколницата ќе биде затворена за сообраќај по целата своја должина секој работен ден од 7 наутро до 7 навечер почнувајќи од понеделник, 7 септември, се до 28 септември.
Ќе се снима филмот „А Фонд“ на францускиот продуцент Шик Филмс.
После 28 септември, снимањето на филмот се сели на на автопатот Неготино-Велес каде во истите термини ќе остане до 23 октомври, а целиот сообраќај ќе се пренасочува преку стариот пат од Велес до Градско.
Филмот што ќе се снима е акциска комедија која ги следи доживувањата на едно француско семејство кое тргнало на летен одмор, но возилото им се расипало на автопат и не може да сопре бидејќи е без кочници а негова премиера се очекува во јуни следната година.