Добивај вести на Viber
На 23-ти април Државна лотарија на Македонија одбележа четири години од почеток на приредување игри на среќа. Во 2010 на 23ти април беа пласирани првите инстант лозови и играта на среќа НовоЛото 7/34. Првото коло на НовоЛото 7/34 беше реализрано на 3ти мај 2010 со водителката Марјана Станојковска. Од тогаш до денес, Државна лотарија на Македонија пласираше над 20 различни игри на среќа, а во моментов актуелни се игрите на среќа: НовоЛото 7/34 со гарантиран фонд за 7ка од 6.000.000,00 денари; Дополнителната играта Џокер на НовоЛото 7/34 со гарантиран фонд за Џокер со 6 погодоци од 600.000,00 денари; Лото5 со гарантиран фонд за 5ка од 500.000,00 денари; Дополнителната игра Џокер Лото5 со гарантиран фонд за Џокер до 6 погодоци 300.000,00 денари; БИНГО БУМ со гарантиран фонд за Макси Бинго од 2.000.000,00 денари; Дополнителната игра Бинго Џокер со гарантиран фонд за Џокер со 6 погодоци од 300.000,00 денари, Играта КЕНО која се приредува во соработка со спортски обложувалници и Инстант лотаријата со посебните продукти Среќни тркала, Детелинка, Смајли, Твингоманија, 7ма Брзина, Среќни коцки и Подарок кои нудат автомобили, скутери и парични добивки.
Од декември минатата година Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерството за Финансии започна да ја приредува популарната наградна игра Фискална во рака - Награда без мака, со богат фонд на награди од кои најголемите се три станови и три деловни простори, тринаесет автомобили и над две илијади вредносни ваучери.
Во чест на обележување на четири години од пласирањето на првите игри на среќа на Државна лотарија на Македонија, во време на очекување на седмиот милионер - добитник на НовоЛото 7ка и во пресрет на шестото извлекување од наградната игра Фискална во рака - Награда без мака, Државна лотарија на Македонија организира караван со промоции во 15 градови низ Македонија. На промоциите граѓаните ќе можат да се дружат со водителите на игрите на среќа Марјана, Викса и Маја, да се забавуваат, да учествуваат во игрите на среќа и добиваат подароци од Државна лотарија на Македонија и во специјалните кутии наменети за наградната игра да ги оставаат своите коверти со фискални сметки.
Промоцииите ќе се одвиваат од 11:00 до 16:00 часот пред продажните места обележани со знакот СРЕЌНО МЕСТО. Распоредот на локации по датуми е прикажан подолу:
| ден |
мај/датум |
град |
Продажно место |
| |
|
|
|
| ЧЕТВРТОК |
8ми |
ТЕТОВО |
БАРТОН |
| ПЕТОК |
9ти |
НЕГОТИНО |
КОРЗО |
| САБОТА |
10ти |
БИТОЛА |
ВАГАБОНД |
| |
|
|
|
| ПОНЕДЕЛНИК |
12ти |
КУМАНОВО |
КЕОПС |
| ВТОРНИК |
13ти |
ВЕЛЕС |
ЛОТО 77 |
| СРЕДА |
14ти |
ПРИЛЕП |
КОМПАНИ МЕНАЏЕР |
| ЧЕТВРТОК |
15ти |
КОЧАНИ |
АНАФИЛ |
| ПЕТОК |
16ти |
ШТИП |
ТУТУН ПРОМ |
| САБОТА |
17ти |
СТРУМИЦА |
ДООЕЛ КРЕЧЕВИ ( во центар кај Тинекс) |
| |
|
|
|
| ПОНЕДЕЛНИК |
19ти |
ГЕВГЕЛИЈА |
МОНТЕ МК |
| ВТОРНИК |
20ти |
КАВАДАРЦИ |
СИГМА |
| СРЕДА |
21ви |
КИЧЕВО |
ДЕТЕЛИНКА |
| ЧЕТВРТОК |
22ри |
ГОСТИВАР |
ЈОТОН |
| ПЕТОК |
23ти |
ОХРИД |
ПРАГМА |
| САБОТА |
24ти |
СТРУГА |
КИКИ ТВИНС |