17 Декември, 2025
0.0385

ДУНА Компјутери ќе му подари на Град Скопје софтвер за планирање на ресурси

Објавено во: Мои пари 30 Јуни, 2016 09:42

Добивај вести на Viber

“Воведувањето на ERP и BI софтверот ќе овозможи прекуинтегрираната апликација,од едно место,мониторинг и упревување на процесите во Јавните претпријатија во Град Скопје”, изјави Александар Пајковски, Генерален менаџер на Дуна Компјутери.

Дуна Компјутери ја најави својата намера да му подари на Градот Скопје ERP (Enterprise Resource Planning)и BI (Business Inteligence)систем - софтвер за планирање на ресурси, со што на едно место би се интегрирале податоците од сите скопски Јавни претпријатија кои функционираат врз платформата на УЛТИМА софтверот.

aleksandar-pajkovski-1600x1600“По угледот на европските и на светските метрополи, воведувањето на BI инаERP софтверот ќе овозможиконсолидирање на сите информации на едно место, како и интегриран мониторинг и управување на процесите од едно местово Јавните претпријатија во Град Скопје. Затоа што, последните тенденции во овој дел од ИТ индустријата веќе не се ограничуваат самона автоматизацијата на домовите и компаниите, туку на целосна автоматизација и управување на цели градови, врз интегрирана платформа за планирање и менаџирање на процесите и на ресурсите. Намерата на Градот Скопје да му подариме еден ваков софтвер е само првичен чекор, како наш скромен придонес кон оптималмо менаџирање со ресусите на јавните претпријатија кои што раборат врз УЛТИМА софтверската платформа”, изјави Александар Пајковски, Генерален менаџер на Дуна Компјутери.

Консолидирањето на податоците и интегрираното мониторирање на процесите од еден центар, ќе овозможи поквалитетен менаџмент на функционирањето, како и на планирањето на финансиите на градските Јавни претпријатија.Сето ова, во крајна линија, истакнуваат во Дуна, би ја зголемило ефикасноста и ефективноста на Јавните претријатија во главниот град.

“Од друга страна, еден ваков ERPи BI софтвер ќе му овозможи на Градот Скопје заштеда на големи финансиски средства кои што во иднина би имале намера да ги ги издвојуваат за парцијални набавки на разновидни софтвери за некои Јавни претпријатија. На пример,каков што беше последниот случај со тендерот за набавка на софтвер за скопското Јавно ПретпријатиеВодовод, тежок 500.000 евра, кој што неодамна беше поништен. Ваквата заштеда, Градот Скопје ќе може да ја употреби за најразлични инфраструктурни проекти или за општествени, социјални, културни, спортски и други намени во полза на граѓаните на македонската метропола”, потенцира Пајковски.

Најавената донација наBI иERP софтвер за Град Скопје наменет за Јавните претпријатија, е во рамките на годишната програма за општествено полезни активности на Дуна Компјутери.

Јавни претпријатија во главниот град кои долги години функционираат врз УЛТИМА софтверската платформа се Водовод, Комунална хигиена, Паркови и зеленило и, делумно, Паркинзи на Град Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив