ДЗС: РАСТ ОД 10 ОТСТО КАЈ УМРЕНИТЕ ЛИЦА МИНАТАТА ГОДИНА ВО СПОРЕДБА СО ПРЕТХОДНАТА
Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2022 13:55
Во текот на минатата година, според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија бројот на умрените лица е зголемен за 10,7 отсто во однос на претходната година и изнесува 28.516 умрени лица.
- Поголем број се од машки пол, и тоа 15.155 или 53,1 проценти од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 85, a нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 0,3 отсто на 100 умрени лица - се наведува во извештајот на ДЗС.
Според месецот на смртта, најголем број случаи се во месец април (3.212). Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71,6 години, односно 75,2 години кај лицата од женски пол, или за 3,6 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.
- Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, според МКБ-10 (шифра I00-I99), и тоа во 35,9 отсто случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавува пандемијата на КОВИД-19 (шифра U07) со 20,6 проценти, неоплазмите (шифра C00-D48), и тоа во 13,8 отсто, со 5,8 проценти се застапени случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести (шифра Е00-Е90), со 4,2 отсто се застапени умрените лица кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99), а потоа следат другите умрени лица, но со помала застапеност - се објаснува во соопштението на ДЗС.
Од податоците кои ги објавува Државниот завод за статистика, се забележува оти последниве две години има зголемен број на умрени лица во споредба со годините пред пандемијата.
Можеби ќе ве интересира
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“




