17 Декември, 2025
0.1142

ЕБРД одобри грант за модернизација на информацискиот систем на ЦДХВ АД Скопје

Објавено во: Мои пари 24 Март, 2016 13:58

Добивај вести на Viber

На 22-ри март годинава, Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје (Депозитар) потпишаа Договор за Грант за поддршка на првата фаза од Проектот за функционална надградба  на Депозитарот. Финансирањето на проектот ќе биде реализирано преку Посебниот акционерски фонд на ЕБРД.

Главната цел на Проектот е модернизација на услугите кои ги дава Депозитарот преку развивање на веб портали со кои ќе се овозможи крајните корисници на услугите на Депозитарот - инвеститорите и издавачите на хартии од вредност, на брз и едноставен  начин, преку интернет, да добиваат информации за состојбите со хартиите од вредност, олеснување на достапноста на информациите за целите на известувањата и овозможување на прием на информации поврзани со коорпоративни дејствија.

Модернизација на услугите на Депозитарот ќе биде реализирана во согласност со меѓународните стандарди и најдобрите практики од аспект на примената на безбедност на информатичката технологија и заштита на податоците.

Овој проект ќе се реализира во две фази и се очекува да биде завршен во текот на 2016 година. Во првата фаза на Проектот ЕБРД ќе ги поддржи активностите за подготовка на неопходните анализи,  развивање на Технолошка стратегија за информацискиот систем на Депозитарот и поддршка при дизајнирањето на дистрибутивниот систем. Потоа, во втората фаза на Проектот ќе следи развивање на соодветни технолошки решенија за дистрибутивниот систем.

Со грантот на ЕБРД и делот со кој Депозитарот со сопствени средства ќе го ко-финансира Проектот  се манифестира големата посветенот на двете институции кон развојот на македонскиот пазар на капитал и неговата транспарентност.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив